Кошмарите можат навистина да влијаат на вашето расположение. Иако се случуваат само во вашата глава, понекогаш лошите соништа се толку живописно реални, што на крај се будите навистина вознемирени. Додека имате кошмар, не сте свесни за тоа и верувате дека лошиот настан навистина ви се случува.rnrn
rnrnЛошите соништа секогаш потекнуваат од нешто реално – вашиот страв. Па на некој начин, кошмарот е манифестација на стравовите или анксиозноста што ги имате. Тоа е начин вашите мисли од потсвеста да излезат на површината. Бидејќи секој хороскопски знак си има различен сет стравови, погледнете кои се најчестите кошмари на секој знак од Зодијакот.rn
Овен: Голи сте во јавност
rnВие сте навистина исплашени од тоа да бидете ранливи или посрамотени. Да откриете дека сте голи во јавност е вашиот најголем кошмар, а сигурно сте го имале многупати.rn
Бик: Паѓање
rnВам ви е потребно чувство на безбедност и стабилност за да се чувствувате добро. Па кога мислите дека губите контрола, најверојатно сонувате како паѓате. Знаете дека кога-тогаш ќе удрите во земјата и не можете да направите ништо во врска со тоа.rn
Близнаци: Бркање
rnКога имате проблеми, најчесто настојувате да ги избегнете. Поради ова, вашите стравови можат да се манифестираат во сон каде што ве брка некое опасно битие. Не знаете каде да одите и страв ви е дека ќе ве фати.rn
Рак: Смрт на сакана личност
rnВашите сакани ви се толку важни, што понекогаш сте и зависни од нив. Да гледате како некоја сакана личност умира, без разлика колку се обидувате да ја одржите во живот, е кошмар што сигурно сте го имале.rn
Лав: Паѓање на забите
rnКога се чувствувате лошо, настојувате да се чувствувате и несигурно во себе. Ова може да се манифестира како сон во кој ви паѓаат забите. Исплашените сте за вашиот изглед и чувствуваат како да немате контрола.rn
Девица: Доцнење
rnНавистина сте разочарани кога доцните на состанок или кога не можете да исполните некое очекување. Поради ова, вашите кошмари ги манифестираат вашите стандарди, па во нив најчесто доцните за нешто.rn
Вага: Напуштање
rnВложувате толку многу во врските, што помислата дека некој сакан може да ве напушти е вашиот најголем кошмар. Без разлика дали сте биле изневерени или напуштени, овој кошмар е навистина застрашувачки.rn
Скорпија: Опседнување
rnВашата фантазија е полна со натприродни нешта, па веројатно сте имале многу кошмари за сеништа, демони и духови. Сонувањето за непознато битие кое ви ја одзема контролата над животот е честа манифестација на вашите стравови.rn
Стрелец: Заробување
rnВие се плашите од врзување и од тоа да бидете заглавени, па најчестиот кошмар ви е сон во којшто сте заробени. Без разлика дали сте заробени во мал простор или во стресна ситуација, овие соништа се навистина застрашувачки.rn
Јарец: Паѓање на испит
rnВложувате толку многу во тоа да бидете совршени и успешни. Помислата да бидете неподготвени за испит, а потоа да го паднете е кошмар што толку многу ќе ве прогонува, што нема ни да сакате да разговарате за него.rn
Водолија: Невидливост
rnВашиот најголем страв е да бидете изолирани и отстранети од општеството. Па, веројатно сте сонувале како сте биле игнорирани или исклучени од нешто. Во најлошиот кошмар што сте го имале, сигурно сте биле невидливи за сите.rn
Риби: Давење
rnЧесто се чувствувате преплавено од притисокот и одговорностите во животот, па вашите кошмари најверојатно често вклучуваат давење. Се борите против нешто што е многу помоќно од вас и не можете да избегате.rnrnДознајте и кое е значењето на најчестите кошмари.
