КАФЕ ПАУЗА

Колку долго треба да ја држите положбата планк за видливи резултати?

Колку долго треба да ја држите положбата планк за видливи резултати?

Речиси и да не постои личност којашто вежба, а не се колне во ефикасноста на вежбата планк. Концептот е навистина едноставен, а резултатите се неизоставни. Но колку всушност треба да ја држите оваа положба за да забележите некаков резултат?rnrnКолку долго треба да ја држите положбата планк за видливи резултати?rnrnЛичниот тренер Даг Склар од Њујорк, смета дека најдобро е да ја држите положбата од 10 секунди до 1 минута.rn

„Најдобро е да правите 3 сета во времетраење од 60 секунди. Сосема во ред е да почнете со пократки сетови, сè додека не стигнете до една минута.“

rnПокрај тоа, и пократкото време може да даде задоволувачки резултати.rn

„Обидете се да издржите 10 секунди, опуштете се 5 до 10 секунди, па повторете во траење од 10 секунди. На овој начин направете серија од 6 повторувања“, советува Даг.

rnОваа вежба може да го зајакне вашето тело, но најважно е да ја изведувате правилно за да го намалите ризикот од повреди. Телото мора да ви биде поставено во цврста, рамна положба, карлицата повлечена за да не го виткате грбот надоле или нагоре, а нозете треба да бидат цврсто исправени.rnrnПробајте го овој планк предизвик од 21 ден што ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги на стомакот.