Фармерски од: Наједноставната вежба за целото тело

Сподели

Иако е навистина едноставна за изведување, вежбата „фармерски од“ е една од најтешките на коишто ќе наидете. За оваа вежба потребно е да подигнете нешто тешко и да почнете да одите со тој товар. Иако звучи лесно, по само 40 метри, вашето тело ќе почне да ја чувствува дополнителната тежина.

Реклама

Важно е да ги кренете теговите и да изодите одредена должина или одреден временски период во права линија. Истовремено мора да внимавате правилно да ја изведувате вежбата.

Клучно за успешното изведување на вежбата не е во одењето, туку во начинот на којшто одите со тежина. Со помош на оваа вежба можете многу брзо да изградите мускулна маса, да ги намалите мастите во телото и да ја зголемите вашата сила, а ризикот од повреди е навистина мал.

Со оваа вежба ќе ги активирате сите мускулни групи, и тоа со само едно движење. Една од најчестите причини зошто луѓето ретко ја одбираат оваа вежба е тоа што изгледа едноставно. Но, без разлика на тоа, немојте да го потценувате влијанието на оваа основна, но одлична вежба.

https://www.youtube.com/watch?v=Tgi5SNDbBZQ

Погледнете ја и вежбата со чија помош ќе имате одлични стомачни мускули.

Популарно

Може ќе ве интересира