Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Без разлика дали сте веган или не јадете глутен, денес многу ресторани со задоволство ќе ги задоволат вашите потреби за храна. Но, во ресторанот Sushi Singularity во Токио ќе добиете сосема нов третман.

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

За да јадете во овој ресторан, треба да направите повеќе од само резервирање маса – треба да подготвите ваши биолошки примероци, со чија помош ќе добиете персонализирано 3Д печатено суши.

Овој концепт е создаден од јапонската компанија Open Meals чија цел е да ги поврзе науката и храната, така што ќе создаде оброци погодни за секој муштерија. Секој гостин добива комплет за тестирање по пошта со кој може да прати примероци од урина и плунка пред денот на резервација. Комплетот потоа се враќа во ресторанот каде што се анализира. Можеби целиот процес не звучи привлечно, но со овие податоци ресторанот може да направи ваш специјализиран рецепт за суши, полн со хранливите материи што ви се потребни.

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Како ова да не е доволно, ресторанот го прави сушито користејќи 3Д печатач со големи роботски раце. 3Д печатеното суши прв пат се појавило на фестивал во Остин, а проектот бил наречен „Суши телепортација“. Овде готвачите покажале како секоја коцка суши не само што е одлична за вашето здравје, туку е и мало ремек-дело.

Ресторанот се очекува да се отвори во 2020-та година, а дотогаш уживајте во фотографиите од нивните необични оброци.

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши

Сте слушнале за ресторанот во кој секогаш ќе ви ја грешат нарачката?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар