Пристигна уште една неодолива приказна за самовили, раскажана низ моделите на дизејнаерката Сандра Хадад. Колекцијата наречена „Верувате ли во самовили?“ изгледа како да е извлечена од најубавите бајки. Сите модели се во препознатливиот стил на Сандра – романтични, нежни и женствени, а кроевите се едноставни и изразено елегантни. Тие се дизајнирани на тој начин совршено да лежат на секое женско тело. Во својата колекција Сандра опфатила сè – од романтични чипки до нежно розови тонови на венчаници со А-крој кои се најпопуларни меѓу модерните дами. Тие се богати со цветни дезени, панделки и врвки што ги прават уште поубави. Покрај моделите на венчаници, Сандра дизајнирала и неверојатни модни додатоци како цветни венчиња и бисерни шноли коишто совршено одговараат со секој модел од оваа бајковита колекција. Погледнете…
Продолжува на другата страница…rn

