11 намирници коишто немаат рок на траење
Рокот на траење на намирниците може да биде навистина збунувачки. Не само што постојат повеќе датуми што треба да ги разберете, како „Рок на траење“ или „Најдобро да се употреби до“, туку понекогаш и самите датуми можат да бидат целосно погрешни. Поради ова, често се случува да фрламе работи кои воопшто не се за фрлање. Па, погледнете кои се намирниците кои никогаш не се расипуваат и кои можете да ги чувате долго време.
1. Сол
Солта, без разлика дали е морска или камена, не може да се расипе и секогаш останува свежа како и на денот кога сте ја купиле.
2. Шеќер
Кај шеќерот не е проблем да ја зачувате неговата свежина, туку да го спречите неговото стврднување и згрутчување. Бидејќи шеќерот не го поддржува развојот на бактериите, тој никогаш не може да се расипе. Единствено треба да го држите подалеку од влага и инсекти.
3. Мед
Медот има неограничен рок на траење. Може да ја промени бојата или да се кристализира, но сепак останува добар за јадење. Доколку медот се кристализира, само ставете ја теглата во сад со топла вода и мешајте додека не се растопат кристалите.
4. Ориз
Дури и ако кутијата фати слој прашина, оризот внатре ќе остане добар за консумирање. Ова важи за речиси сите видови ориз, но не и за кафеавиот ориз кој поради поголемото количество масти може да се расипе. Единственото нешто на коешто треба да внимавате е да го чувате оризот од инсекти.
5. Бел оцет
Можете слободно да купите поголемо количество бел оцет бидејќи тој не се расипува. Имено, овој оцет може да трае вечно. Освен за готвење и салати, белиот оцет можете да го употребувате и за чистење.
6. Екстракт од ванила
Чистиот екстракт од ванила засекогаш ќе остане свеж бидејќи се чува во чист алкохол. Обрнете внимание на тоа да станува збор за вистински екстракт од ванила, бидејќи другите продукти немаат толку долг животен век. Па подобро е да се одлучите за вистинската варијанта, иако е малку поскапа.
7. Алкохолни пијалаци
Нема потреба да брзате да го допиете секое шише алкохол во вашиот дом. Добро затворените и добро складираните шишиња алкохол можат да траат колку што е потребно. Со текот на времето пијалакот може малку да ја промени аромата, но најверојатно нема воопшто да го забележите ова.
8. Сув грав
И сувиот грав може да трае до недоглед. Единственото нешто што може да биде проблем е тоа што ќе му треба подолго да омекне пред да го готвите, а понекогаш нема и воопшто да омекне, особено ако сте го чувале 2-3 години. Доброто е што ова не значи дека ја изгубил неговата хранлива вредност.
9. Јаворов сируп
Иако јаворовиот сируп не е нешто што се користи често кај нас, доколку го имате дома, добро е да знаете дека и тој нема рок на траење. Слично како медот, и јаворовиот сируп најчесто се користи за прелив на палачинки и други слатки.
10. Пченкарно брашно
И пченкарното брашно има неограничен рок на траење, но само доколку го чувате добро затворено и на студено место.
11. Инстант кафе
Инстант кафето можете засекогаш да го чувате во вашиот фрижидер, и тоа без разлика дали амбалажата е отворена или не.
Погледнете кои се работите во домаќинството за кои веројатно не знаевте дека имаат рок на траење.