КАФЕ ПАУЗА

9 психолошки прашања што ќе ви помогнат да го прочитате вашиот соговорник

9 психолошки прашања што ќе ви помогнат да го прочитате вашиот соговорник

Written by

in

,

„Длабоките дискусии“ стануваат многу популарни. Порано, ова се сметаше за еден вид филозофски разговор помеѓу двајца луѓе, но денес длабоките дискусии станаа целосно нов начин на комуникација, што им помага на луѓето подобро да се запознаат.rnrn9 психолошки прашања што ќе ви помогнат да го прочитате вашиот соговорникrnrnСледниве 9 прашања ќе ви помогнат да се вклучите во дискусија за нешта на кои не сте ни помислиле претходно. Овие прашања бараат детални одговори, па одговарањето со „Да“ или „Не“ нема да функционира. Најинтересно е тоа што нема точен одговор за ниту едно прашање.rn

1. Дали би отворил/а писмо во кое го има датумот на твојата смрт?

rnСо одговорот на ова прашање ќе го разберете нивото на фатализам на соговорникот, но и неговиот став кон животот.rn

2. Дали би бил/а пријател со себе?

rnНа овој начин ќе откриете колкава е самодовербата на соговорникот, како и неговите силни и слаби страни. Исто така ќе дознаете и колку е интересен.rn

3. Ако можеш да видиш скала за мерење над главите на луѓето, што би сакал да мери таа скала? Социјален статус, среќа, богатство…?

rnСо овој одговор ќе дознаете кои се вредностите и приоритетите на соговорникот.rn

4. Што правиш поразлично од другите луѓе?

rnНа овој начин ќе ја разберете самодовербата на соговорникот, неговата смисла за хумор, нивото на лудило и колку е уникатен неговиот карактер.rn

5. Ако твојот партнер никогаш не открие дека си го изневерил, ќе му кажеш ли?

rnОдговорот ќе ги покаже моралните стандарди на соговорникот, како и неговиот став кон другите луѓе.rn

6. Дали некогаш се чувствуваш како денешниот ден да ти бил повторен 100 пати?

rnСо одговорот на ова прашање можете да разберете како соговорникот го живее својот живот и дали неговиот живот му значи или не.rn

7. Ако мажите и жените живееја на 2 различни планети, што би се случувало на нив?

rnСо ова прашање ќе откриете дали личноста е склона кон стереотипно размислување и колку логички размислува.rn

8. Ако направиш злодело за да го нахраниш твоето гладно дете, дали си лоша личност или си направил злодело од потреба?

rnИ овде ќе дознаете повеќе за моралните стандарди на соговорникот, но и за неговиот став и однос со семејството.rn

9. Ако среќата беше пари, што би била твојата работа?

rnСо ова ќе научите за надежите и соништата на соговорникот. Ќе дознаете што мисли дека му недостасува во животот.rnrnПогледнете и кои се прашањата што ќе ви помогнат да ја откриете интелигенцијата на соговорникот.