Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

Сподели

Фотографот Сем Гелман, кој по потекло е од Висконсин, во последниве пет години живее и работи во Хонг Конг. Пред извесен период тој беше на четиридневно патување во  Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Тој имал можност да биде сведок и да го овековечи настанот „Игри на масата“ во Пјонгјанг.rn„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.Можеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат  шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.Сето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.rn

Реклама
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BD%D0%B3_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B3

rn———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира