Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер неодамна ја заработи својата прва милијарда. Станува збор за 21-годишната Кајли Џенер која официјално станала најмладата милијардерка во историјата што самата ги заработила своите пари.rnrn
rnrnКајли минатата година прв пат се појавила на насловната страница на угледното финансиско списание Форбс, каде што било објавено дека таа наскоро може да го сруши рекордот кој дотогаш го држел основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, со стекнување статус на милијардер на 23 години.rnrnЗа разлика од Марк Закерберг, Кајли Џенер ја заработила својата милијарда благодарение на нејзиниот бјути бренд Кајли Козметикс, во комбинација со парите што ги заработува од семејното шоу и соработката со други познати брендови.rnrnТоа што можеби е поинтересно е фактот што во моментов Кајли е официјално најбогатиот член од нејзиното семејство.rnrnЗапознајте ги и овие 8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.
Најмладата милијардерка во светот: Таа го сруши рекордот на Марк Закерберг!
