Зошто на некои парови воопшто не им е грижа за Денот на вљубените?
Прославување на Денот на вљубените е релативно нов тренд, а за да започне некоја традиција треба да поминат барем 10-тина години.
Семејните луѓе го слават она што го славеле пред 20, 30 или 40 години, односно она што го славеле и нивните родители минатиот век, како на пример слави, детски родендени, годишнини од бракот, Божиќ, 8-ми март и слично. Овие традиции се одамна прифатени и на повеќето луѓе воопшто не им е грижа за „новите“ трендови како Денот на вљубените. Лозарите овој ден го слават свети Трифун и симболично го закројуваат нивното лозје.
Денот на вљубените им се допаѓа на младите парови и го користат како прилика да се чувствуваат убаво и да си подарат нешто. Но оние кои се подолго време заедно имаат многу поважни заеднички датуми – годишнина на врската, родендени, Нова година, семејни прослави… Па, Денот на вљубените може да му изгледа како вишок. Често овие парови сфатиле дека нема потреба да го прославуваат и овој ден бидејќи имаат поважни датуми. Ова се некои од причините зошто на некои парови не им е грижа за денешниот ден.
1. Сметаат дека е глупаво да се прославува денот на Вљубените и за таа прилика никогаш не се чувствувале заљубено. Се чувствуваат како да прават нешто за нивната врска што нема никакво подлабоко значење.
2. Времето сè уште е студено а треба да излегуваат, да резервираат место, да изгледаат убаво и да се однесуваат романтично. Доколку не знаете што да облечете и не ви се излегува поради студот, вечерта воопшто нема да биде романтична.
3. Се очекуваат подароци кои треба да бидат соодветни (срциња и цвеќе). Нема никакво изненадување и секогаш си разменувате цвеќе, чоколади или други подароци и мислите да не ги заборавите цела вечер.
4. По завршувањето на вечерта се очекува секс, а за правилно да се обележи денот сексот треба да биде неверојатен. Под целиот тој притисок никој не може да се чувствува романтично и вљубено и доволно да се опушти.
5. Прославувањето на Денот на вљубените е за просечните парови. Оние кои не го прославуваат овој ден ја слават нивната љубов на нивен начин, а не следат туѓи традиции.
Дознајте и како можете да го прославите 14-ти февруари.