11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Хокинг не биле во право за Бог

11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Хокинг не биле во право за Бог

На 11-годишна возраст повеќето деца сонуваат што ќе станат кога ќе пораснат, a астронаут, доктор и актер се едни од најчестите желби. Најверојатно слободното време го минуваат надвор и качувајќи се по дрва, или обидувајќи се да го поминат тешкото ниво на некоја видео игра.

11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Стивен Хокинг не биле во право

Но Вилијам, детето гениј, е малку поразлично 11-годишно момче. Тој не сонува што ќе стане кога ќе порасне, туку веќе се движи во таа насока. Тој е на пат да стане првиот астрофизичар кој ќе го докаже постоењето на Бог преку наука. Барем тоа е неговата мисија. Желбата на Вилијам да стане астрофизичар потекнува од неговата силна верба. Тој има само 11 години и веќе ја знае неговата животна цел.

Ова момче веќе има дипломирано на државен колеџ, а минатата година се запиша на факултет. Завршил средно училиште на само 9 години. Психологот од Универзитетот во Охајо, Џоан Рутсац го прогласила за гениј.

„Ние сме нормални луѓе и тој е нормално дете. Не можете да го разликувате од другите 11-годишници. Сака спорт, ТВ серии, компјутери и видео игри како и секој друг“, изјавил Питер Маилис, неговиот татко.

11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Стивен Хокинг не биле во право

Питер, кој е грчки православен свештеник, изјавил дека Вилијам почнал да зборува со целосни реченици кога имал само 7 месеци. Неколку месеци пред да наполни 2 години веќе знаел да дели, а до роденденот научил и да множи. Исто така, на оваа возраст веќе читал книги за деца и напишал книга од 9 страници со наслов „Среќна мачка“ (Happy Cat).

Кога имал 4 години учел алгебра, знаковен јазик и како да чита грчки. Кога наполнил 5 години прочитал учебник од 209 страници за геометрија, и тоа во само една вечер. Следното утро веќе решавал и задачи.

11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Стивен Хокинг не биле во право

Сега Вилијам сака да докаже дека некои од најголемите имиња во науката грешеле. Тој има негови идеи за да го докаже постоењето на универзумот. Не се согласува со некои од теориите на Ајнштајн и Хокинг за црните дупки. Вилијам сака да докаже дека надворешната сила е единственото нешто што може да го создаде универзумот, што значи дека Бог постои.

Иако момчето верува во Бог и татко му е свештеник, неговите родители тврдат дека никогаш не го терале да се насочи кон докажувањето на постоењето на Бог. Самиот го одбрал тоа.

„Сакам да бидам астрофизичар за да можам да му докажам на светот на науката дека Бог постои.“

Стивен Хокинг имал сосема спротивно верување. Еднаш изјавил:

„Пред да ја разбираме науката било природно да веруваме дека Бог го создал универзумот, но сега науката нуди многу поубедливо објаснување. Она што го мислев со ‘ќе го знаевме умот на Бог’ е дека ќе знаевме сè што би знаел Бог доколку постоеше, но не постои. Јас сум атеист.“

Кога го прашале зошто сака да докаже дека Хокинг грешел, Вилијам објаснил:

„Затоа што постојат атеисти кои се обидуваат да кажат дека нема Бог, кога во реалноста потребна е повеќе верба да верувате дека нема Бог, отколку да верувате дека постои… Има повеќе смисла дека нешто го создало универзумот, отколку тоа дека универзумот се создал сам. Потребна е повеќе верба да кажете дека универзумот се создал сам, наместо дека го создало нешто друго, бидејќи е пологично.“

11-годишен гениј тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Стивен Хокинг не биле во право

Вилијам е одлучен да го одбрани неговото верување. Тој е совршен пример за личност со повик, некој роден на Земјата со одредена цел. Некои сметаат дека тој самиот не е доволно да го докаже постоењето на Бог, но едно е сигурно – ако продолжи со ова темпо, сигурно ќе има голема улога во враќањето на науката до нејзините религиски корени, без разлика дали ќе докаже или не дека Бог постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар