КАФЕ ПАУЗА

Како правилно да направите турско кафе по стар рецепт?

Како правилно да направите турско кафе по стар рецепт?

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.rnrnКако правилно да направите турско кафе по стар рецепт?rnrnПред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.rnrnДел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).rnrnСе промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.rnrnТргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.rnrnОва се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:rn

    rn 011

  • Пречестото мешање го убива вкусот.
  • rn 011

  • Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.
  • rn 011

  • Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.
  • rn 011

  • Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.
  • rn

rnПогледнете и како да го направите утринското кафе поздраво.