Можеби мислите дека цртањето е вештина што ја знаат малкумина кои сакаат да станат големи уметници, но тоа е многу повеќе. Секој може да црта, без разлика на неговиот талент. Штом ќе се одлучите да ѝ дадете шанса на оваа активност ќе забележите неколку промени, а следниве 5 се навистина неочекувани.rnrn
rn
1. Подобрена меморија
rnСпоред неколку истражувања, цртањето има големо влијание на капацитетот на краткотрајната и долготрајната меморија. Всушност, цртањето е дури и подобро од пишувањето бидејќи бара комбинирање на семантички, визуелни и моторички аспекти од меморијата. Па доколку не можете да се сетите каде ви се клучевите или кој бил актерот од серијата што неодамна сте ја гледале, можеби цртањето ќе ви биде одличен начин да си вратите во ментална форма.rn
2. Подобра координација
rnБез разлика дали цртате нешто со молив или само сенчете, цртањето секогаш ја подобрува умешноста, подвижноста и моторичките способности на дланката. Покрај тоа, со цртањето доаѓаат и многу помошни активности, како кинење хартија, што ја подобруваат координацијата на очите и дланките. Без сомнение овие предности се дури и поважни за децата. Кога овие вештини ќе се развијат кај млад ум, таа личност повеќе ќе ги почувствува предностите подоцна во животот.rn
3. Вештини за комуникација
rnБидејќи во цртањето нема зборови, тоа често ве тера да најдете нов начин на комуникација. Секој уметник со текот на времето подобро ги разбира човечките изрази на лицето, говорот на телото и емотивното влијание на боите и формите. Начинот на којшто ова влијае на комуникацијата е очигледен – бидејќи ќе го знаете значењето на изразите на лицето додека ги цртате, полесно ќе ги забележувате и во разговорите.rn
4. Подобрено решавање на проблеми
rn„Шкртањето“ кое е важен дел од уметничкиот процес, најверојатно помага во вашата способност за решавање проблеми. Со тоа што цртате линии на хартија и му дозволувате на мозокот да се поврзе со боите и со промените, полесно ќе смислувате разни решенија и ќе го гледате животот од разни перспективи.rn
5. Ослободување од стресот
rnЦртањето го стимулира дотокот на крв во предниот дел од мозокот. Ова значи дека луѓето кои цртаат се релаксираат, забораваат на нивните проблеми и им се намалува крвниот притисок. Едно истражување покажало дека 75% од луѓето кои се занимавале со креативна уметност биле порелаксирани и посмирени за разлика од другите. Најдоброто е што воопшто не било важно дали имаат талент за цртање.rnrnДоколку сте убедени дека не знаете да цртате, овие „пред и потоа“ цртежи ќе ви докажат дека најверојатно и вие имате талент.
