5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

Сподели

Дерматолозите најмногу знаат што е најдобро, а што е најлошо за кожата. Во продолжение погледнете ги 5-те продукти за убавина што тие никогаш не би ги ставиле на нивното лице.

Реклама

rn

1. Продукти со вештачки мирис

rnИако во составот на продуктот е означен само како мирис, вештачките мириси можат да предизвикаат иритација на кожата поради адитивите што ги содржат. Дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси. Наместо тоа одбираат продукти со есенцијални масла и екстракти од билки бидејќи се сигурни и имаат благотворни својства за кожата.rn

2. Продукти со алкохол

rnАлкохолот е состојка во повеќето продукти за убавина – од оние за нега на коса, до продуктите за нега на кожа. Всушност, токму оваа состојка може да биде причината за вашата сува кожа. За да ја поправите настаната штета добро е да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот. Побарајте продукти што содржат антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина и слично.rn

3. Продукти со масло од лимон

rnНе сите природни состојки се добри за вашата кожа. Дерматолозите ги избегнуваат продуктите со масло од лимон бидејќи тоа може да ја иритира кожата. Доколку пак ја изложите на сонце може да се предизвикаат силни реакции, но и да се појави хиперпигментација.rn

4. „Направи сам“ серуми со витамин Ц

rnДенес многу модни блогерки зборуваат за домашно направениот серум со витамин Ц кој го прават од таблети со овој витамин. Проблемот е што овој облик на витамин Ц тешко продира во кожата. Витаминот Ц е одличен за вашата кожа бидејќи го поттикнува производството на колаген, но само ако е во формула со кој може да продре во кожата. Доколку нанесувате витамин Ц од таблети, тој ќе остане на кожата и ќе ја иритира бидејќи оксидира многу брзо.rn

5. Продукти за самопотемнување

rnОвие продукти создаваат хемиска реакција на кожата за која сè уште не се знае дали остава долготрајни последици. Поради ова најдобро е да се прилагодите на природната боја на вашата кожа. Доколку сакате потемен тен, нанесувајте пудра или бронзер на потребните места.

Дознајте и кои се процедурите за убавина што козметичарите никогаш не би ги направиле на себе.

Популарно

Може ќе ве интересира