Не мора да знаете нечиј коефициент на интелигенција за да заклучите дека таа личност е натпросечно интелигентна. Следниве 5 работи натпросечно интелигентните луѓе ги прават поразлично од останатите и можете да ги препознаете токму по нив.rnrn
rn
1. Критикуваат мислења и верувања
rnИнтелигентните луѓе не веруваат во сè што ќе слушнат. Тие поставуваат прашања за традиции, верувања, етички норми и за сè останато што постои. Никогаш не ја следат масата, туку критично размислуваат за сè и темелно истражуваат пред да донесат заклучок или одлука. Без разлика дали информациите ги добиваат од авторитетна личност или од кој било друг, тие не веруваат веднаш. Принципите кои за другите се апсолутна вистина, нив не им значат ништо.rn
2. Постојано трагаат по знаење
rnЛуѓето со висока интелигенција никогаш нема да бидат задоволни со она што го знаат и секогаш трагаат по нови искуства и знаења. Уживаат да го прошируваат нивниот ум и да се впуштаат во интелигентни разговори секогаш кога имаат прилика за тоа. Тие се фасцинирани од знаењето и не му дозволуваат на нивниот ум да запре. Знаат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат што е можно повеќе.rn
3. Мислите си ги претвораат во дела
rnНатпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не се ништо без делување. Ако сакаат да постигнат нешто, знаат што треба да прават и што мораат да применат. Од вашите мисли немате никаква корист доколку не ги споделите или не ги искористите, па овие луѓе постојано бараат начин да го применат нивното знаење. Не дозволуваат ништо да им застане на патот и сакаат да го променат светот.rn
4. Ја знаат вредноста на времето поминато со себе
rnНајмногу од сè, натпросечно интелигентните луѓе ја знаат вредноста на времето поминато со себе во тишина. Знаат колку е важно да погледнат длабоко во себе за да ги откријат одговорите. Дури и ако во тој момент не бараат одговор, сепак одвојуваат време за себе далеку од сите. Исто така на овој начин тие се ослободуваат од стресот и ги обновуваат нивните ум, тело и дух.rnrnДоколку се прашувате дали вие сте натпросечно интелигентни, погледнете ги знаците кои го покажуваат тоа.
