Сте ја сретнале оваа личност во период кога сте биле ранливи. Можеби сте биле во врска, но личноста сепак се обидувала да ве освои. Можеби тоа бил и љубоморен пријател. Оваа личност направила да мислите дека е вистински витез во сјаен оклоп. Ве освоила, но потоа ве уништила и направила да се чувствувате безвредно. Заборавете на оваа личност бидејќи најверојатно сега му го прави истото на некој друг.
Нејзиното однесување нема никаква врска со вас. Таа личност е волк во овча облека. Немојте да ѝ дозволите да ви ги украде радоста и среќата. Вие заслужувате многу повеќе од пријателство полно со лаги и предавство. Вие заслужувате личност на која можете да ѝ верувате, а не која ќе ве манипулира. Луѓето кои се обидуваат да ги направат другите мизерни треба да се засрамат. Откако ќе се соочите со ваква личност, исправете се и покажете ѝ дека не можете да бидете победени.
Некои луѓе живеат за да уништат некој друг. Но ова е нивен проблем, а не ваш. Вие имате доволно ваши проблеми и не треба да ги преземате и нивните. Фокусирајте се на вас и на добрите нешта што ги криете во себе. Бидете добар пријател и не плашете се да им верувате на другите поради овие личности. Во светот сепак има многу добри луѓе со добри намери. Заборавете ги злобните.
Оние со лоши намери кога-тогаш ќе се појават на радарот на вашата интуиција, а вие само треба да продолжите да се движите напред. Животот е таков. Ќе научите од лошото, а ќе уживате во доброто. Па следниот пат кога некој ќе се обиде да ве манипулира, потсетете се на предупредувањата и кажете си дека заслужувате и можете многу повеќе од тоа.
Важно е да знаете и дека луѓето кои заслужуваат да бидат во вашиот живот нема да ве натераат да трчате по нив.

