Дали постојано имате главоболки, не можете да дишете низ носот, а немате никакви симптоми на грип или настинка? Најчестата причина за овие симптоми е синуситисот, заболување за кое не сметаме дека е сериозно и мислиме дека ќе помине самото од себе. Но, ова не е точно.rnrn
rnrnДоколку не ја излечите правилно, оваа состојба може да стане проблематична, особено ако главоболката ви пречи во секојдневниот живот.rnrnАкутниот синуситис најчесто е предизвикан од настинка, додека останатите се предизвикани од бактерии, алергии и габични инфекции. Овој проблем можете да го препознаете по тешкотиите во дишењето, отоците на лицето и околу очите, а може да се јави и главоболка.rnrnНосот што тече, во комбинација со чувството на притисок може да биде знак за синуситис, односно болест предизвикана од воспалени и отечени синуси. Болката во главата се зголемува доколку личноста се наведне напред, а доколку трае подолго од 3 дена и имате висока температура, најдобро е да одите на лекар.rnrnАко ова воспаление не се излекува како што треба, постои опасност да се повтори. Ако се појавува повеќе од 4 пати годишно и трае околу 3 месеци, синуситисот се дефинира како хроничен. Првите симптоми на синуситис се затнати носни канали. Во влажниот носен канал во кој нема доволно воздух многу лесно се развиваат бактериите кои се носители на оваа болест.rnrnБолеста може да биде предизвикана и од инфекција, но и од израстоци во носот или неправилен облик на носната шуплина. Потребно е внимателно да ја надгледувате вашата состојба и правилно да се лекувате според советите на вашиот лекар. Главоболките и отежнатото дишење нема да ви го направат денот полесен.rnrnПогледнете и како да се ослободите од проблемите со носот и синусите.
Зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите?
