Одлични совети за убавина за девојките со тенки усни

Одлични совети за убавина за девојките со тенки усни

Многу девојки сонуваат за полни усни. Иако денес можете да ги добиете со разни зафати и процедури, понекогаш воопшто нема потреба од тоа. Без разлика дали отсекогаш сте имале тенки усни или ненадејно сте го изгубиле волуменот, постојат неколку совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно. Доколку сакате вашите усни да изгледаат побујно, придржувајте се до следниве правила.

Одлични совети за убавина за девојките со тенки усни

Избегнувајте црвен кармин

Дури и ако навистина ги сакате темните нијанси, имајте на ум дека тие го свртуваат вниманието кон проблемот. Наместо нив, одберете кармин со боја на кожа или со нежна розова нијанса. Со моливче за уста со боја на кожа можете да ги исцртате усните малку надвор од нивната природна линија, а потоа пополнете ја целата усна со моливчето. Потоа нанесете кремаст кармин со неутрална нијанса и со боја слична на моливчето.

Внимателно со сјајот за уста

Немојте да го нанесувате сјајот низ целата површина на усните. Наместо тоа, нанесете малку на средниот дел од горната и долната усна. На овој начин светлината ќе се рефлектира и ќе добиете 3Д ефект. За да додадете визуелна длабочина, на врвот на горната усна нанесете малку хајлајтер и сенка со боја на шампањ.

Нагласете ги очите

Ако имате тенки усни, не плашете се да го насочите вниманието кон вашите очи. Темните сенки за очи и долгите трепки се одлични за тоа. Кога бојата на усните е неутрална, слободно нагласете ги очите.

Подобрете ја циркулацијата

Пред да нанесете кармин, добро е да направите пилинг на усните. Можете да го направите тоа и со влажен шеќер. На овој начин ќе го отстраните вишокот кожа и ќе ја подобрите циркулацијата, а вашите усни привремено ќе изгледаат пополни.

Заштитете ги усните од сонце и ветар

УВ-зраците влијаат на стареењето на усните исто како и на стареењето на кожата. За да го спречите ова, секогаш употребувајте кармин или балзам со заштитен фактор поголем од 15. Ова важи и за деновите кога нема сонце, а е ветровито.

Ноќен третман

Негата против стареење не треба да заврши со нанесување на ноќна крема. Направете и ноќен третман за усните со пептиди и хијалуронска киселина. На овој начин ќе го ублажите изгледот на линиите на усните и околу нив.

Погледнете и како да ги излечите испуканите усни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар