Секој од нас сака да се вљуби, но повеќето не можат да ја препознаат љубовта дури и кога таа е пред нив. Ако не ги чувствувате нештата во продолжение, најверојатно не станува збор за љубов. Љубовта е двострана и не треба да ви штети. Се разбира, понекогаш ќе се расправате со саканата личност и нема да се согласувате за сè, но и покрај тоа ќе преовладуваат следниве 15 нешта.rnrn
rn
1. Ќе се чувствувате помотивирано
rnКога сте вљубени, ќе имате поголема мотивација. Ќе ги бркате вашите соништа и ќе работите кон вашите цели. Колку подолго сте со саканата личност, толку повеќе ќе ве мотивира.rn
2. Ќе се чувствувате како себеси
rnАко навистина сте вљубени, ќе се почувствувате како себеси. Нема да сакате да криете ниту еден дел од вас. Ќе бидете многу поотворени од вообичаено.rn
3. Ќе бидете посочувствителни
rnКога сте вљубени ќе станете посочувствителни и тоа не само кон вашиот партнер, туку и кон другите луѓе. Ќе бидете подобри кон оние што не ги разбирате.rn
4. Ќе бидете посреќни
rnЉубовта ќе ве направи посреќни од кога било. Ќе се движите на правиот пат и ќе бидете подготвени за напредок.rn
5. Ќе се чувствувате удобно
rnКога сте вљубени, ќе се чувствувате удобно во вашата врска. Нема да се грижите дали другата личност ве лаже. Ќе имате некој што ќе ве прави безгрижни.rn
6. Ќе бидете релаксирани
rnКога ќе се вљубите ќе се чувствувате порелаксирано и ќе имате мир. Нема постојано да се разочарувате. Ќе можете да се смирите кога ќе има најголема потреба од тоа.rn
7. Ќе се чувствувате сигурно
rnЌе ја чувствувате сигурноста и во врската, и во секој дел од животот. Нема да се грижите дали партнерот ќе биде овде кога ќе ви треба. Без сомнение знаете дека тој е секогаш овде за вас.rn
8. Ќе се фокусирате на иднината
rnВљубените луѓе не се опседнати со минатото. Се движите напред и ќе бидете подготвени да го освоите светот со саканата личност. Болката и страдањата од минатото повеќе не ви се важни и можете конечно да ги оставите зад вас.rn
9. Ќе се чувствувате исполнето
rnВљубувањето нема да ве исполни, но ќе направи да се чувствувате исполнето. Ќе ви стане јасно дека имате некој кој засекогаш ќе биде до вас.rn
10. Ќе чувствувате помалку стрес
rnЉубовта ќе ви овозможи да го намалите стресот на начин што не им е познат на другите. Ќе почнете да се ослободувате од сите нешта што ви пречат. Ќе сфатите дека голем дел од работите всушност и не се толку важни.rn
11. Ќе се чувствувате подготвено за интимност
rnЉубовта носи многу интимност. Кога ќе бидете вљубени, ќе чувствувате привлечност кон саканата личност на сите можни нивоа. Прегратките ќе ви значат многу повеќе.rn
12. Ќе чувствувате емпатија на ново ниво
rnКога ќе се вљубите, почесто ќе ги земате предвид туѓите емоции. Кога вашиот партнер ќе чувствува нешто, истото ќе го чувствувате и вие.rn
13. Ќе сакате да ги продлабочите врските со саканите
rnЌе сакате да ги продлабочите вашите врски на кој било начин и да созреете како личност. Ќе поминувате повеќе време со луѓето коишто ви значат.rn
14. Ќе почнете да станувате најдобрата верзија од себе
rnАко сте вљубени, ќе сакате што побрзо да станете најдобрата верзија од себе. Личноста што ја сакате ќе го извлече најдоброто од вас.rn
15. Ќе се чувствувате топло
rnТоплината што ја предизвикува вљубеноста не може да се спореди со ништо друго. Ќе бидете подобри кон себе и кон луѓето околу вас.rnrnПогледнете и што се случува со вашето тело кога сте вљубени.
