10 чудни нешта што се случуваат во женското тело
Во древна Грција, жените се сметале за различен вид од мажите бидејќи многу се разликувале во изгледот и однесувањето. Колку и да се промениле човечките права оттогаш, сепак постојат многу мистерии што го опкружуваат женското тело. Во продолжение погледнете некои од најинтересните.
1. Утринското гадење е добро за идните мајки
Научниците од Универзитетот во Колорадо откриле дека утринското гадење е всушност механизам за справување со новата состојба. На овој начин фетусот ги избегнува токсините од рибата, месото и пилешкото што го консумира мајката. Исто така ако жената го има овој симптом, тоа значи дека бебето е силно. Наводно, кај жените кои имале утринско гадење постоел помал ризик од спонтан абортус.
2. Жените одлично ги слушаат повисоките тонови
Жените можат да ги разликуваат повисоките звуци уште од многу рана возраст. На пример, девојче кое има само една недела веќе може да го разликува гласот на нејзината мајка од плачењето на друго бебе. Ова е одлично не само за грижа за децата, туку и за препознавање лажговци – жените можат да ги забележат малите промени во висината на гласот кои настануваат кога луѓето лажат.
3. Жените имаат подобри мозоци
Иако машкиот мозок е поголем, жените покажале повисоки резултати на тестовите за интелигенција за 3%. Ова, заедно со способноста да прават повеќе работи одеднаш е поради различната структура на малиот мозок. Малиот мозок е поголем кај жените и има 30% повеќе нервни конекции.
4. Хромозомот Х е дел од силниот имунитет
Според научниците од Универзитетот Гент, хромозомот Х којшто е одговорен за раѓањето на женско дете има повеќе микро РНК со што го зајакнува имунитетот на бебето и го намалува ризикот од појава на рак.
5. Жените полесно ги прележуваат болестите
Научниците откриле дека естрогенот, хормонот кој е поприсутен кај жените, е одговорен за потиснување на воспалителните процеси. Ова значи дека женските тела полесно и побрзо се справуваат со болестите. Исто така естрогенот го забавува стареењето на телото, па жените имаат шанси да живеат подолго.
Продолжува на следната страница…