Секогаш кога наближува петок 13-ти, суеверијата нè потсетуваат дека овој ден треба да биде несреќен. Но, изгледа дека има друг датум за кој треба да бидеме повеќе загрижени. Според едно неодамнешно истражување, помеѓу 2005-та и 2017-та година поголемиот дел од луѓето умреле на 6-ти јануари.rnrn
rnrnВсушност, според анализата од Канцеларијата за национална статистика, 10-те денови во кои е најверојатно да умрете се помеѓу 30-ти декември и 9-ти јануари. Според статистиката, на 6-ти јануари помеѓу 2005-та и 2017-та година умреле 25% повеќе луѓе. Со други зборови, на овој ден во просек умирале 1.732 луѓе, за разлика од дневниот просек кој е 1.387 луѓе. Но која е причината за ова?rnrnИзгледа дека одговорот не е толку мрачен – најчестата причина бил студот. Судената зима не е пријатна за никого, но е особено проблематична за луѓето со ослабен имунитет поради настинка, болест, возраст или други фактори, како на пример, бременост.rnrnПоради сите инфекции кои се шират овој период луѓето можат да бидат навистина ранливи, а понекогаш ова резултира и со смртен случај. Ник Страјп од Канцеларијата за национална статистика изјавил:rn
„Бројот на повеќе смртни случаи во Англија и Велс во 2017-та и 2018-та година беше највисок од зимата во 1975-та и 1976-та година. Сепак, покачувањата како ова не се необични – имаме видено над 8 покачувања во изминатите 40 години.“
rnЗа жал, во јануари се зголемувал и бројот на самоубиствата. Во периодот по Божиќ се појавувале повеќе луѓе со депресија и зголемено ниво на стрес. Наводно ова е поради крајот на празничниот период, во комбинација со стресот кој доаѓа со враќањето на работа. Самоубиствата и обидите за самоубиство станувале почести по празниците, особено на крајот од декември и во средината на јануари. Финансискиот притисок и притисокот од семејството во овој период се можеби главни фактори за ова.rnrnДали знаете што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот?
