Во 1935-та година доктор Егас Мониз слушнал за експеримент каде што отстранувањето на фронталните лобуси на две шимпанза резултирало со намалено насилно однесување. На овој начин шимпанзата станале полесни за контролирање. Докторот решил да го повтори експериментот на луѓе и набрзо откако ја извел процедурата објавил студија во која тврдел дека овој метод е иновативен начин за лекување на менталните болести. Денес Мониз е познат по откривањето на лоботомијата, една од најсрамните и најтрагичните медицински процедури.rnrnОд 1945-та до 1947-ма година биле изведени околу 2.000 вакви зафати. Но откако Мониз добил Нобелова награда за откритието во 1949-та година, бројката пораснала на неверојатни 18.000 пациенти. Оваа операција се сметала за корисна во минатото поради многу фактори, најмногу затоа што не постоеле лекови или терапија кои биле доволно ефективни. Сепак, и погрешните информации и активните кампањи за ефективноста на лоботомијата имале голем удел.rnrnЛекарот Волте Фриман ја прославил оваа процедура во САД. Без никаков медицински тренинг, тој решил да направи мала промена во операцијата – наместо да прави дупки во черепот, тој ги бодел мозоците на пациентите со шило преку нивните очи. Фриман го усовршил овој метод до тој степен што му биле потребни само 12 минути за една операција. Патувал низ државата со комбе кој го нарекол „Лотомобил“ и ја извршувал процедурата во нестерилна околина.rnrnНо, Фриман и многуте доктори кои ја изведувале операцијата често ги занемарувале одвратните несакани ефекти. Најмногу се фокусирале на изгледот на пациентите и ослободувањето од неудобноста што им ја предизвикувала болеста на семејствата на пациентите. Ова е нагласено на овие фотографии што ги правел Фриман и ги користел како доказ дека лоботомијата е добар лек.rnrn
rnrn8-годишно момче со шизофренија кое било затворано во подрумот поради насилно однесување. Фотографијата лево е пред зафатот, а десно е една година подоцна.rnrn
rnrnЖена со кататоничка шизофренија која 2 години била третирана со терапија со електрошокови. Фотографијата десно е направена 8 денови по лоботомијата.rnrn
rnrnВо некои случаи пациентите се враќале кај семејството во несвесна состојба. Пациентите со едноставна шизофренија биле добри миленици по зафатот. Фотографијата лево е пред лоботомијата, а десно е една година подоцна.rnrn
rnrn27-годишна жена со кататоничка шизофренија. Десно е фотографирана пред зафатот, а лево 16 месеци подоцна.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија
