Многу жени се соочиле со непристојно допирање во јавност. Но сè досега немаше начин да се докаже колку всушност се случува ова. Благодарение на „паметниот“ фустан создаден како дел од кампањата „Фустан за почит“ (Dress for Respect) можеме да ја видиме суровата реалност.rnrn
rnrnКампањата била лансирана од бразилската агенција за рекламирање Ogilvy како дел од движењето #MeToo. Ова движење во кое се вклучија многу луѓе ширум светот, им помогна на жените да го вратат својот глас и им нуди безбедна платформа за зборување против непочитувањето и вознемирувањето со коешто се соочуваат.rnrnПаметниот фустан е опремен со сензори кои се активираат кога носителот е допрен. Три жени по име Јулијана, Татјана и Луисија го облекле фустанот додека биле излезени навечер. Целта била да се одреди колку пати ќе бидат допрени од странци без нивна дозвола.rnrn
rnrnПо крајот на експериментот податоците покажале дека волонтерките биле допрени неверојатни 157 пати, односно 40 пати во еден час. Со секој нов регистриран допир, вознемирувањето станувало сè повидливо.rnrnПотоа неколку мажи биле замолени да гледаат снимки од жените додека се допирани без нивна дозвола. Секој од нив бил запрепастен од тоа колку очигледно било вознемирувањето на камера. Еден од нив извикал:rn
„Тоа е толку чудно. Гледај, се обидува да ја бакне! Боже!“
rn
rnrnСпоред статистиката од агенцијата, 86% од жените во Бразил се соочиле со сексуално вознемирување во ноќни клубови. Најчести биле свиркањата и довикувањата (77%), потоа непристојното гледање (74%), сексуалните коментари (57%) и пцуењето (39%).rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Lljf3C0KzH0rnrnИако вознемирувањето на жените нема да исчезне преку ноќ, со помош на оваа кампања се нагласува сериозноста на проблемот.rnrnДознајте и нешто повеќе за #СегаКажувам, хаштаг кој им овозможува на сите жртви и сведоци на сексуално вознемирување отворено да проговорат за нивните искуства.
