КАФЕ ПАУЗА

Тренди и топли: 6 зимски модни комбинации за девојките што мразат студ

Се будите во темнина и студенило. Повторно. Последното нешто што би сакале да го направите е да излезете надвор на сметка на времето поминато во мекиот и топол кревет. Но, понекогаш обврските си го прават своето и едноставно не можеме да си дозволиме да уживаме во удобноста на нашата спална. Имајќи го ова на ум, погледнете ги следните комбинации што се тренди и топли во исто време!rn

1. Палто + скинати фармерки + ниски чевли

rnrnrnМислите дека скинатите фармерки не можат да бидат софистицирани? Комбинирајте ги со женствени чевли и палто со поголем број и размислете повторно.rn

2. Здолниште со ленти + палто + шал-ќебе

rnrnrnОваа година модата нè води кон неистражените области, па слободно комбинирајте повеќе стилови во едно! Најважно е само да ви е топло.rn

3. Јакна + бели панталони + патики

rnrnrnАко ви студи на зглобовите, слободно облечете пар термо чорапи со силна боја за да додадете топлина и уникатност на вашиот стил.rn

4. Фустан-кошула + палто-џемпер + чизми до колена

rnrnrnОваа комбинација ќе направи вашите нозе да изгледаат невозможно долго, со тоа правејќи ве визуелно многу повисоки.rn

5. Фармерки до глуждови + џиновско палто + чизми

rnrnrnУбавината на огромното, мекано палто познато како палто-мече, ќе ви држи топло дури и за време на најстудените зимски денови.rn

6. Кожни хеланки + блузон + плетено палто

rnrnrnОваа комбинација е доказ дека со соодветната комбинација, вие можете да носите и облека за во теретана во секојдневниот живот и притоа да изгледате одлично и топло!rnrnПогледнете ги и моделите на чевли што ќе владеат во 2019-та година.