5 Јутјуб канали за девојките што сакаат да напредуваат во својата кариера

5 Јутјуб канали за девојките што сакаат да напредуваат во својата кариера

Дали гледањето мотивациони и забавни видеа пред спиење ви е омилениот начин на опуштање по долгиот работен ден? Ако одговорот е позитивен, тогаш без сомнение ве разбираме и со задоволство ви ги препорачуваме следниве 5 Јутјуб канали што ќе ве инспирираат и ќе ве подготват за големи професионални победи.

1. Lavendaire (личен развој и животни лекции)

Влогерката Ајлин е сопственичка на Јутјуб каналот и блогот Lavendaire. Таа создава најразлични објави за „направи сама“ проекти, позитивни навики, лични искуства, здравје, љубов кон себе… сето ова на прв поглед делува како уште еден сладок, но површен Јутјуб канал, но колку повеќе ќе ги гледате видеата на Ајлин толку повеќе ќе сфаќате дека има вистинска длабочина во нив и дека можете многу да научите од неа.

2. Financial Diet (управување со вашите пари)

На сите ни е потребен советник за штедење и паметно трошење на парите. Па, ако се борите подолго време со финансиски проблеми, тогаш овој Јутјуб канал е одличен избор за вас! Вие ќе чуете најразлични реални совети и приказни, ќе ги дознаете најдобрите апликации за работа, како конечно да штедите и во што е најмудро да ги инвестирате вашите пари. Можете многу да научите за парите од Челси Фаган и Лорен Вердџ, сопствениците на овој канал.

3. Marie TV (конкретни решенија)

Мари обожава да се нарекува себеси страстен изумител, и воопшто не греши со тоа, затоа што ќе ве инспирира со својата енергија уште во првата секунда од првото видео што ќе го изгледате со неа. Нејзиниот канал не е класичен влог и тоа по што таа се издвојува е фактот што има многу интеракции со публиката. Води и емисија во живо каде што можете директно да поставите прашање и веднаш да добиете одговор. Целта на овој канал е да ги зајакне жените и да им помогне полесно да се справат со секојдневните проблеми во кариерата.

4. Holly Casto (за зафатените мајки)

Сите дами коишто мораат да балансираат помеѓу професионалниот и приватниот живот, одвреме-навреме имаат потреба од инспирација и потврда дека тие се на вистинскиот пат. Овој Јутјуб канал ќе ви помогне како да изградите совршена рамнотежа помеѓу вашите два сосема различни животи, и ќе ви покаже дека без разлика на сè, мора да најдете време и за самите себеси.

5. Linda Ryner (сè за кариерата)

Овој канал е посветен на пронаоѓање решенија за сите видови проблеми во врска со кариерата – од тоа како да подготвите професионално резиме до тоа како да ги менаџирате вработените во фирмата. Некои видеа се фокусирани и на вештините кои треба да ги развиете доколку сакате да „растурате“ на работа. Па, ако се соочувате со какви било проблеми на работното место, не грижете се – Линда е тука да ви помогне!

Прочитајте и за овие 6 лоши работни навики поради кои вашата кариера стои во место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар