18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та година

18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та година

Без разлика дали 2018-та ви била неверојатно тешка или најдобрата година досега, без разлика дали ви поминала за миг или траела засекогаш, и без разлика дали ќе ја завршите со благодарност или со тага, добро е да сте ги научиле следниве нешта. Обидете се да најдете утеха, без разлика што ви приредила 2018-та.

18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та година

1. Љубете без двоумење и без страв од тоа дали ќе ви ја возвратат љубовта. Ова е единствениот начин да љубите безусловно и бестрашно, што е најчистата форма на љубов.

2. Простувањето станува полесно кога го правите почесто. Истото важи и за извинувањето. Гордоста е навистина скапа. Не треба да дозволите да ве чини врска или вашиот мир.

3. Не треба да бидете совршени за да бидете среќни, туку треба да бидете автентични. Ценете се бидејќи на крајот од денот вие треба да живеете со вашите одлуки.

4. Добрите, лошите, здодевните периоди, сите тие ви се дар. Тие ве подготвуваат за нешто подобро или се прослава за надминување на тешките моменти. Овие периоди се вашиот живот.

5. Никој не ви должи ништо, освен вие самите. Вие си должите многу. Само важно е дали ќе го направите она што е потребно за да го добиете она што го сакате.

6. Понекогаш да го добиете она што го сакате не е исто со тоа да го добиете она што ви е потребно.

7. Гневот и неучтивоста се знак дека личноста чувствува длабока болка. Ова не е причина да се однесувате лошо. Полесно ќе биде да ѝ простите на личност која чувствува болка, отколку на личност која е гневна „без причина“.

8. Покажувањето на вашите лузни е многу поефективен начин на создавање значајна врска. Ова вреди многу повеќе отколку да ги покажете материјалните нешта што ги поседувате.

9. Надраснувањето не е исто со откажувањето. Незабележлив начин да се откажете и да се убедите дека не го правите тоа е ако продолжите да правите нешто, дури и кога знаете дека заслужувате повеќе.

10. Обидите се добри. Грижењето е добро. Вниманието е добро. Во тренд е да се однесувате како животот да е нешто што треба да го поминете наместо да го искусите. Но, вие добивате од животот онолку колку што ќе вложите.

11. Луѓето не се секогаш оние коишто мислите дека се. Местата нема секогаш да бидат онакви какви што очекувате. Нештата нема секогаш да се одвиваат по вашиот план. Па, грижењето е само трошење време.

12. Единственото конечно нешто во врска со животот е смртта. Кога ќе го земете ова предвид, може да се случи што било. Ова е едноставна изјава, но кога навистина ќе размислите за неа, вистински ќе се ослободите.

13. Моментите кога се чувствувате најлошо се моментите кога најмногу се лажете. Ако верувате дека никој не се грижи за вас, никој не ве забележува и дека никој не сака да успеете, грешите.

14. На сончев ден, понекогаш треба да застанете под сенка за да си го изострите видот и да гледате појасно. Истото важи и за животот. Но, ако ви стане удобно во темнината, ќе ја испуштите целата топлина.

15. Понекогаш оние што ги сакате најмногу ќе ви кажат нешта што не сакате да ги слушнете. Најчесто ова се нешта што најмногу ви треба да ги слушнете.

16. Наместо да си кажувате дека не можете да сакате некого додека не се сакате себеси, почнете да размислувате за фактот дека не можете да му се посветите некому додека не се посветите на себеси. Љубовта е лесна, тешка е посветеноста. Ако не можете да стоите на вашиот збор, како ќе цените кој било? Не само тоа, потребен ви е ваш живот пред да можете да го споделите со некој друг, па почнете да работите на тоа.

17. Немојте да верувате во сè што ќе слушнете или ќе прочитате. Сите имаат нивен начин на разбирање на светот кој можеби нема да одговара со вашиот.

18. Животот е дар, не привилегија. Заблагодарете се што сте можеле да го искусите уште една година и заколнете се дека во 2019-та ќе бидете само свои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар