Најдобрите рецепти за кафе што ги пробавме во 2018-та година

Најдобрите рецепти за кафе што ги пробавме во 2018-та година

Драги љубители на кафе, оваа колекција рецепти е направена специјално за вас! Погледнете ги најдобрите рецепти што ние ги пробавме оваа година и изберете ги оние што ви делуваат најпримамливо. Верувајте ни, дури да пробате и само едно кафе од оваа листа, сигурно нема да зажалите. Баш напротив, можеби дури и ќе го најдете вашиот нов омилен кофеински пијалак. И ако ви се допадне оваа селекција, не заборавајте да нè заследите на Инстаграм за нови и свежи рецепти.

1. За љубителите на вкусот на циметот

 

View this post on Instagram

 

Пенесто кафе со цимет⠀ ⠀ Потребни состојки: 230 милилитри полномасно млеко + 170 милилитри засладено кондензирано млеко + 900 милилитри свежо подготвено филтер кафе + Цимет во прав⠀ ⠀ Начин на подготовка: Ставете го млекото во микробранова и оставете го да се загрее додека не почнат да му се појавуваат мали балончиња по работ на чашата. За ова требаат околу 1-2 минути.⠀ ⠀ Поделете го кондензираното млеко во 4 шолји за кафе, и внимателно врз него сипете го кафето.⠀ ⠀ Со помош на метална маталка, рачно изматете го загреаното млеко за да добиете пена. Како што таа ќе се подигнува, таа вадете ја со лажица и ставајте ја во чашите со кафе. Млекото што ќе ви остане нема да ви биде потребно.⠀ ⠀ Испрскајте со цимет и послужете со лажица.⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #каферецепт #кафе #кофеин #рецепт #рецептнаденот #цимет #есен #зима #филтеркафе #инстаграмџии #инстаграмџики

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

2. Освежување со традиционален рецепт од Тајланд

 

View this post on Instagram

 

Ледено тајландско кафе за будење на сите сетила⠀ ⠀ Потребни состојки: Силно филтер црно кафе, доволно за 4 шолји + 2 лажички изрендан кардамом + 60 милилитри засладено кондензирано млеко (повеќе по желба) + 1 лажичка екстракт од бадем (за безалкохолната верзија) + 90 милилитри Амарето (за алкохолната верзија) + Здробен лед⠀ ⠀ Начин на подготовка: Додајте го кардамомот во смеленото кафе, а потоа подгответе го на вообичаениот начин. Сипете го кафето бокал, па додајте Амарето (доколку сакате алкохолен коктел) или екстракт од бадем (доколку сакате безалкохолен пијалак). Мешајте додека состојките не се соединат целосно.⠀ ⠀ Наполнете 4 чаши со искршен мраз, па сипете го кафето во секоја од нив и додајте по околу 1 супена лажица засладено кондензирано млеко. Доколку сакате поблаг вкус, слободно зголемете ја дозата на млекото. Уживајте во вашиот пијалак!⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #каферецепт #рецепт #рецептнаденот #пијалакнаденот #пијалак коктел #кафекоктел #амарето #леденокафе #есен #фотонаденот #инстакафе #инстаграмџии #инстаграмџики⠀

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

3. За сите оние што обожаваат лешници… и кафе

 

View this post on Instagram

 

Пенеста мока со лешници за љубителите на кафе со изострен вкус ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Состојки: 120 грама темно чоколадо, исечкано + 340 грама слатка павлака + 40 грама шеќер + 1/2 лажичка цимет во прав + 2 супени лажици ликер од лешници + 400 милилитри свежо подготвено кафе (за 4 дози) + Шлаг пена ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Подготовка: Ставете го чоколадото во мал сад, а слатката павлака во мало тенџере. Поставете го тенџерето на оган и почекајте слатката павлака да зоврие, па додајте ѝ шеќер и цимет и мешајте додека не се стопат. Добиената смеса сипете ја врз чоколадото и матете со маталка додека не добиете мазна површина. Додајте го и ликерот. ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Оставете да се олади на собна температура, со повремено мешање. Потоа прекријте го садот и ставете го во фрижидер. Кога целосно ќе се олади изматете го со електричен миксер (15-тина секунди). Подгответе 4 шолји низ кои рамномерно ќе ја распоредите смесата, а потоа дополнете со по 100 милилитри свежо подготвено кафе во секоја од нив. По желба декорирајте и со шлаг пена. ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #инстакафе #кофеин #слаткозадоволство #слаткоуживање #здравживот #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

4. Додајте малку кокос и ќе добиете сосема нов, егзотичен вкус

 

View this post on Instagram

 

Кокосово кафе со само 3 состојки – совршено за велигденските пости!⠀ ⠀ Состојки: 120 милилитри ладно црно кафе + 400 милилитри кокосово млеко + 2 смрзнати банани со средна големина⠀ ⠀ Опциони додатоци: Кокосов шлаг + Кокосови трошки + Вегански чоколаден сируп⠀ ⠀ Подготовка: Барем 2-3 часа порано или претходната ноќ, ставете го кокосовото млеко во фрижидер и оставете го да се олади. Потоа сипете го кафето во калап за мраз и сместете го во замрзнувач. Кога овие две состојки ќе бидат подготвени, ставете ги замрзнатите банани во блендер и матете додека не добиете ситни трошки. Додајте го кокосовото млеко. Повторно матете, овој пат сè додека не добиете хомогена и мазна смеса. Потоа додајте ги и ледените кафе коцки и продолжете со матење.⠀ ⠀ Сипете ја добиената смеса во две чаши. По вкус, декорирајте со кокосов шлаг, кокосови трошки или вегански чоколаден сируп.⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #инстакафе #кофеин #слаткозадоволство #слаткоуживање #здравживот #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #палео #безглутен #безлактоза #веган

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

5. Обожавате физичка активност? Ова е кафето за вас!

 

View this post on Instagram

 

Протеински шејк со кафе – за активните љубители на кофеинот!⠀ ⠀ Состојки: 1 доза протеини во прав (со вкус на ванила, чоколадо или кафе) + 230 милилитри свежо подготвено кафе, оладено + 60 милилитри кокосово или бадемово млеко + 1 смрзната банана + 2-3 суви урми + 1 лажичка ѓумбир во прав + 1/2 лажичка цимет во прав + 1/4 лажичка кардамом во прав⠀ ⠀ Подготовка: Прво ставете ги сите течни состојки во блендер, а потоа додајте ги и останатите и матете додека не добиете густа хомогена смеса.⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #инстакафе #кофеин #слаткозадоволство #слаткоуживање #протеинскишејк #шејк #здравживот #вежбање #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

6. Малку алкохол и целото искуство се менува…

 

View this post on Instagram

 

☕ Шверцерско кафе со двојна доза рум за бестрашните пиратски срца⠀ ⠀ Состојки: 120 мл силно црно кафе + 2 лажички шеќер (може да се прилагоди по вкус) + 30 мл златен рум + 30 мл темен рум + ½ лажичка цимет + 1 лажичка изрендана кора од портокал + засладена шлаг пена + изрендано темно чоколадо ⠀ ⠀ Подготовка: Во чаша што е отпорна на топлина, сипете го свежо подготвеното црно кафе и додајте му шеќер. Мешајте додека не се растопи. Потоа додајте ги двете дози рум и циметот. Измешајте уште еднаш. Декорирајте со шлаг пена, изрендајте го чоколадото на врвот и просејте ја изренданата кора од портокал.⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #инстакафе #кофеин #рум #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

7. Загрејте се во студените зимски денови

 

View this post on Instagram

 

Вкусна комбинација од кафе и топло чоколадо за љубителите на француската кујна⠀ ⠀ Состојки: 240 мл свежо подготвено црно кафе + 375 мл млеко + 120 мл слатка павлака + 1 лажица шеќер во прав + 220 грама темно чоколадо, исечкано на парчиња⠀ ⠀ Подготовка: Ставете ги млекото, слатката павлака и шеќерот во сад со средна големина, измешајте и загрејте ги на среден оган. Кога ќе почнат да се појавуваат балончиња од страните, веднаш тргнете го садот. Не дозволувајте смесата да зоврие! Потоа додајте го исечканото чоколадо и оставете да отстои околу 2 минути, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете да отстои уште 5 минути. Распоредете го подготвеното кафе во 4 шолји, па дополнете со чоколадната смеса. За крај, декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки.⠀ ⠀ Совет: Доколку исечканото чоколадо не се топи, вратете го садот на тивок оган и мешајте сè додека не се растопи.⠀ ⠀ #кафепауза #кафенаденот #кафе #инстакафе #кофеин #топлочоколадо #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

Погледнете ги и овие 20 неверојатни фотографии што нè воодушевија во 2018-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар