Љубовта е навистина прекрасна и речиси и да нема личност што не ја посакува. Но додека некои буквално се вљубуваат на прв поглед, на другите им е потребно малку подолго. Без разлика дали причината е несигурност, страв или претпазливост, на секој му е потребно различно време за да ја почувствува љубовта. Погледнете колку брзо се вљубуваат хороскопските знаци, почнувајќи од оние кои немаат време за чекање.rnrn
rn
1. Лав
rnЗа вас љубовта се случува за еден момент. Доволно е да трепнете и да се вљубите. Вие сте вљубени уште пред првиот бакнеж, а понекогаш овие чувства можат да изгледаат како посесивност и љубомора. Ако партнерот не сфати дека е всушност најсреќната личност што сте се вљубиле во него, врската не би траела долго.rn
2. Риби
rnВие можете да се вљубите уште пред да запознаете некого. Всушност, вие сте вљубени и во самиот концепт на љубовта. Бидејќи сте посветени и страсни, љубовта е онаа што ве тера да правите што било.rn
3. Вага
rnВашиот знак е владеен од Венера, планетата на љубовта. Па, штом ќе добиете насмевка од некој згоден странец, почнувате да размислувате за венчавка. Исто ранливи сте и на луѓе кои знаат како да разговараат со вас. Повеќето луѓе сметаат дека повеќе би се вљубиле во атрактивна, но лоша личност, наместо во некој добар, но што знаат тие за љубовта?rn
4. Близнаци
rnМалку е потребно да ви се допадне некој, но понекогаш побрзо можете да замразите некого отколку да се вљубите. За вистински да почувствувате љубов потребно е партнерот навистина да се грижи за вас. Но дури и ако навистина се вљубите, чувството може брзо да ви помине.rn
5. Стрелец
rnЗа вас љубовта е игра, а вие сакате да бидете судијата. Вие сте премногу независни за веднаш да се вплеткате во нешто несигурно како љубовта. Не сакате да изгубите контрола над вашите чувства, а токму тоа се случува кога ќе се вљубите.rn
6. Скорпија
rnЗа вас многу често страста е поважна од љубовта. Сакате да се чувствувате моќно, но вљубувањето ве прави ранливи. Љубовта ви е важна, но не толку за да ја ризикувате вашата независност. Потребно ви е време да почувствувате пеперутки во стомакот, но штом ќе се случи тоа, љубите со целото ваше битие. Но ако бидете изневерени, вашите чувства веднаш ќе се променат.rn
7. Овен
rnВие се штитите повеќе од другите зраци, а поради вашата доминантна природа ги чувате чувствата за себе. Не сакате лесно да го дадете вашето срце. Не сакате слаби личности и за да се вљубите потребна е личност што ќе ви го преврти светот. Вам ви е потребно време, но штом ќе се вљубите, љубите длабоко.rn
8. Рак
rnВашата школка го штити вашето срце од кршење. Но истовремено сакате да љубите и да бидете вљубени повеќе од што било. Сепак, бидејќи ви е страв, често ги криете вашите емоции. Личноста во којашто ќе се вљубите ќе биде најсреќна на светот.rn
9. Јарец
rnПоради вашата срамежливост, потребно ви е долго време да се вљубите. Сакате некој да ви го исполни егото пред да го дадете вашето срце. Пред да дозволите некому добро да ве запознае, потребно е да се потруди да ве освои.rn
10. Водолија
rnЗа вас љубовта се случува бавно и несигурно. Повеќе ви значи пријателството отколку љубовта. Исто така најверојатно поважни ви се изгледот и сексот од љубовта. Дури и ако партнерот е вистински вљубен во вас, голема е веројатноста да го претставувате како пријател. Доколку навистина се вљубите, тоа нема да биде длабоко и нема да трае многу долго.rn
11. Бик
rnВие сакате да размислувате со вашиот мозок, а не со вашето срце. Најважна ви е сигурноста, која пак е повеќе практична отколку романтична. За вас љубовта не доаѓа одеднаш, туку се раѓа постепено. Од друга страна, можете да се одљубите за еден миг.rn
12. Девица
rnВеројатно попрво ќе стапите во сексуални односи пред да се вљубите во некого. Проблемот не е дека сте со студено срце, туку сте навистина пребирливи. Наоѓате недостатоци кај секого бидејќи сте вистински перфекционист. Понекогаш вашите партнери не можат да дочекаат да почувствувате нешто за нив.rnrnПогледнете и кои се најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак.
