Колку стомачни вежби треба да правите секој тренинг за најдобри резултати?

Колку стомачни вежби треба да правите секој тренинг за најдобри резултати?

Ако се занимавате со вежбање рекреативно, тогаш сигурно мислите дека треба да правите илјадници стомачни вежби за да имате убав и цврст стомак, и иако постојано се обидувате да бидете во чекор со вашите цели, сигурни сме дека не ги добивате посакуваните резултати. Ако прашате кој било фитнес експерт дали ова е правилниот начин да дојдете до вашата цел, одговорот најверојатно ќе биде НЕ.

Најпрво, најважно е да нагласиме дека покрај соодветен тренинг, многу важна улога игра и исхраната. Истражувањата што биле спроведени на крајот од минатата година на 1.000 Европејци на возраст од 30 до 40 години што биле физички активни, откриваат дека кај возрасните личности мастите најчесто се собираат во областа на стомакот и задникот (околу 70%). Енергетската вредност на храната е еден од најважните аспекти кога станува збор за здрава исхрана. Рамнотежата помеѓу внесот на калории по пат на исхрана и трошењето на калории по пат на вежбање и работа на метаболизмот е клучна за одржување здрава телесна тежина, што пак влијае на видливоста на стомачните.

Па, ако сакате да имате совршени стомачни мускули, мора да ги исполните следниве услови:

1. За вашите стомачни мускули да се забележуваат, процентот на телесни масти мора да биде многу низок, а тоа ќе го постигнете доколку најпрво изгубите тежина.

2. Дебелината на кожниот набор во пределот на стомакот мора да биде многу мал, па затоа мора да ги сведете и стомачните масти на минимум. Дури и ако изгубите многу тежина, понекогаш потребно е време за да се исфрлат мастите во овој предел.

3. Не е потребно да правите 1.000 стомачни вежби секој тренинг. Доволни ви се околу 200-300, со тоа што најдобро е да комбинирате различни видови вежби, за да допрете до сите делови од стомакот. Па, комбинирајте ротации, подигнување на нозете, издржување…

4. Исфрлете ги газираните пијалаци, алкохолот и сите видови сокови. Не консумирајте храна што се готви во масло, особено ако треба да се пржи. Изборот на месо нека ви биде пилешко и риба. Внесувајте повеќе зеленчук, особено свеж и сезонски. Слатките целосно исфрлете ги и избегнувајте да јадете доцна навечер.

Воопшто не е лесно да се направат стомачни мускули, но тоа без сомнение е возможно ако сте подготвени на откажување од одредени задоволства и на строга дисциплина.

Прочитајте и како да се изборите со салото на стомакот и да направите совршено обликувани стомачни мускули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар