4 знаци дека е време да прекинете некое пријателство за ваше добро
Ако сте пронашле пријател со кого имате нераскинлива врска, тогаш сте нашле нешто повредно од пари. За жал, повеќето пријателства не траат подолго од неколку години, а постојат безброј причини зошто се оддалечувате од пријателите. Но што кога сè уште се дружите со некој, а се сомневате дали вашето пријателство е добро за вас? Во продолжение погледнете кои се знаците дека е време да му ставите крај на пријателството.
1. Пријателството наликува на трансакција
Луѓето се дружат со други луѓе поради разни причини. Нормално е да имате познаници на работното место и врски што ќе ви помогнат да се движите напред на професионално поле. Но понекогаш луѓето ќе се преправаат дека ви се пријатели поради овие причини. Ќе направат да се чувствувате како да се грижат за вас, кога всушност само сакаат некаква услуга. Кога последен пат вие сте побарале услуга од овој пријател? Кој ви помогнал во тешките периоди, а кој изгледал незаинтересирано? Сте забележале ли дека некој пријател постојано бара да направите нешто за него? Најчесто ова е премногу очигледно.
2. Пријателот поддржува ваша лоша навика
Дали се обидувате да се вратите во форма и подобро да се грижите за вашето здравје? Или пак можеби сте на добро место во вашиот живот и не сакате да се вратите онаму каде што сте биле? Без разлика дали станува збор за пушење, пиење, намалена физичка активност или слично, ако имате пријател кој ги охрабрува вашите лоши навики и не сака да се промени, тој само ќе ви штети.
3. Повеќе не се грижи за вас, или никогаш не го правел тоа
Дали сте имале пријател кој одеднаш почнал да се дружи со друга група луѓе? Најчесто ова се случува кога пријателот ќе најде ново работно место или ќе најде некое ново хоби. Во ред е да се дружите и со други личности, но ако забележите дека пријателот ве запоставува за оваа нова група луѓе, јасно е дека не му е грижа за вашата врска. Па доколку се цените себеси, најдобро е да се оддалечите од оваа личност.
4. Не можете да бидете свои во негово присуство
Кога сте со оваа личност, дали можете да бидете свои или се обидувате да бидете личност којашто не сте? Во ред е да се дружите со поуспешни луѓе, сакајќи да бидете како нив. Но ако се дружите со личност пред која морате да го сокриете вашето вистинско лице, добро размислете за пријателството.
Дали се преправате дека ви се допаѓа нешто или некој? Дали пред пријателот покажувате карактерни особини кои не се ваши? Или најлошо, дали криете некој дел од себе? Ова е предупредување дека треба да се ослободите од тој пријател. Понекогаш ова може да биде без последици, но понекогаш може да предизвика вистинска штета. Во овој случај го потиснувате вашето вистинско јас, само за да изгледате подобро во очите на пријателот. Причината може да биде бидејќи ви судел во минатото, или суптилно се обидува да ве контролира.
Без разлика во која од наведените ситуации се наоѓате, вие не сте искрени кон себе. Секое пријателство што не ви дозволува да бидете свои не е вистинско пријателство. За ваше добро, оддалечете се од овие личности.
Погледнете ги и другите знаци кои покажуваат дека на вашето пријателство му се ближи крајот.