КАФЕ ПАУЗА

Вкусни колачиња што наликуваат на ботаничка градина

Брз и едноставен рецепт за вкусни колачиња

rnrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 200 грама путер, несолен, на собна температура
  • rn 011

  • 200 грама шеќер
  • rn 011

  • 1 жолчка од големо јајце
  • rn 011

  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • rn 011

  • 320 грама сенаменско брашно
  • rn 011

  • 1/2 кафена лажичка сол
  • rn 011

  • 1 белка од големо јајце
  • rn 011

  • 30 цветчиња што се јадат
  • rn 011

  • Шеќер во прав
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги путерот и шеќерот во сад и матете со електричен миксер додека не добиете мека смеса, односно околу 3 минути. Потоа додајте ги жолчката и ванилата и матете уште околу 1 минута, односно додека не се комбинираат. Додајте го брашното и солта и повторно мешајте до комбинирање.rnrnПодгответе парче хартија за готвење, и ставете го тестото над неа и обликувајте го во долг цилиндар. Замотајте го тестото во хартијата и ставете го во фрижидер да се олади на околу 90-тина минути.rnrnЗагрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење во тава. Со помош на нож, исечкајте го тестото на тенки кругови, кои полека ќе ги редите во тавата. Внимавајте да оставите доволно простор меѓу нив за да не се спојат кога ќе почнат да растат.rnrnВо посебен сад, изматете ја белката заедно со 1 супена лажица ладна вода. Со оваа смеса намачкајте ја површината на колачињата и поставете им ги цветовите во центарот. На крај, просејте го и шеќерот во прав врз нив.rnrnПечете ги колачињата околу 13-15 минути и оставете ги целосно да се оладат откако ќе ги извадите од рерната пред да ги тргнете од хартијата за печење.rnrnДобар апетит!rnrnМирисот на детството: Пробајте ги и овие ванилини кифлички за вкусен појадок.