Претходно
Здрава и посна чорба со спанаќ
Пробајте го овој стар рецепт за посна чорба која е совршена за студените зимски денови.
Потребни состојки:
- 200 грама спанаќ
- 4-5 компири
- 1 зелена пиперка
- 2 моркови
- 1 поголем домат
- малку зелка
- магдонос
- 1 помал праз
- 1 лажица брашно
- пипер
- зачини, сол и масло
Начин на подготовка:
- На загреано масло запржете ги празот, пиперката и морковот, па додајте го останатиот исечкан зеленчук. Додајте пипер и вода.
- Гответе на тивок оган за да се свари зеленчукот.
- Додајте сол, зачини по желба и лажица брашно измешано со малку вода.
- На крај додајте го исечканиот магдонос и доколку сакате, 2 чешниња исечкан лук.
Добар апетит!
Доколку ви е потребна идеја за посен десерт, пробајте ги овие чоколадни бомбици од само 5 состојки.