Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

Сподели

Леталото InSight, скратено од „Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, слета на црвената планета на 26-ти ноември оваа година. Целта на овој приземјувач е детално да го провери Марс. Погледнете како изгледале подготовките за овој неверојатен подвиг.rn

Реклама

1. Склопување

rnЕкспертите го склопиле леталото во јануари, 2015-та година во просторите на „Локхид Мартин вселенски системи“ во Денвер.rn

2. Трикови

rnЛеталото било тргнато од основата на контејнер за склад на 20-ти јуни, 2017-та година. Раката на леталото со должина од 1,8 метри служи за подигнување на сеизмометар и пробивање на површината на Марс. На него има и камера која ќе дава 3Д поглед кон местото на слетување и другите активности.rn

3. Собирање сончеви зраци

rnПанелите на приземјувачот биле отворени и на Земјата со цел да се тестираат. За време на тестирањето кое се одвивало на 23-ти јануари, 2018-та година во Локхид Мартин, инженерите го набљудувале отворањето и работењето на соларните ќелии.rn

4. Патување со камион

rnОткако било изградено и тестирано, леталото било ставено во камион на 28-ми февруари, 2018-та година. Неговата прва станица била Воздушната база Бакли.rn

5. Патување во воздух

rnОткако камионот пристигнал на базата, леталото било префрлено во авион C-17 и се упатило кон Калифорнија.rn

6. MarCO

rnИнженерот Џоел Сеинкраус ги тестира соларните панели на едно од леталата Mars Cube One односно MarCО, наречено CubeSat или мини сателит, во лабораторија на НАСА.rn

7. Последни подготовки

rnПоследните подготовки пред полетувањето се одвивале на Воздушната база Ванденберг во Централна Калифорнија.rn

8. Товарање

rnЛеталото било поставено на врвот на ракетата Атлас V на 5-ти мај 2018-та година.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира