6 видови удобни чевли што оваа сезона се во тренд

Сподели

Одамна се поминати деновите кога барањето да се носи нешто во тренд водеше само кон неудобни модели. За среќа, времињата се сменети, и сега сè поголем акцент се става на удобноста и пријатноста. Токму затоа и овие 6 видови чевли владеат со модните топ листи за оваа сезона. Сигурни сме дека секоја од вас ќе го пронајде својот нов омилен модел, бидејќи има по нешто за секој!rn

Реклама

1. Воени чизми

rnИако тие изгледаат малку грубо однадвор, кога ќе ги ставите на вашите нозе, ќе се чувствувате како да одите по облаци.rn

2. Коцкести потпетици

rnСакате висина, но мразите болка? Овој одличен модел истовремено ќе ви ги издолжи нозете и ќе ви создаде удобност во текот на целиот ден.rn

3. Спортски патики

rnОваа година е препознатлива по таканаречените „патики од тато“, што дури и на прв поглед изгледаат удобно. Нема потреба воопшто да објаснување што се случува откако ќе почнете да ги носите.rn

4. Мачкини потпетици

rnОвие потпетици се толку блиску до земјата, што ќе се чувствувате како да одите во балетанки.rn

5. Лоферки

rnОвој модел беше најпопуларен во 1987 година, и сега повторно се враќа на модната сцена. Одберете ги оние со форма на бадем доколку сакате да изгледате ретро.rn

6. Рамни каубојски чизми

rnКаубојските чизми се нешто што без сомнение не може секоја девојка да го искомбинира. Но, ако тие влегуваат во вашиот стил, тогаш без сомнение се најудобниот избор за вас оваа зима!

Прочитајте ги и овие 5 причини зошто годинава наместо црни, треба да купите бели чизми.

Популарно

Може ќе ве интересира