Претходно
Тест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?
Денес секој знае за опасноста од пушењето цигари. Но, 50-тите биле различно време кога рекламирањето и културниот притисок да пушите биле силни. Пушењето било симбол за софистицираност и воглавно луѓето не биле свесни за негативните последици.
Овој текст е од списанието „Caper Magazine“ од 1959-та година и покажува неколку примери за она што го забележал психоаналитичарот доктор Вилијам Неутра. Според неговата анализа, начинот на којшто ја држите цигарата може да открие детали за вашиот карактер, расположение и несигурности. Па, доколку сте пушач, дали се препознавате?
1. Жената е несигурна и страв ѝ е да не ја изгуби цигарата. Веројатно цврсто се држи за нејзиниот сопруг
2. Типично држење на девојка на која ѝ е здодевно на состанокот. Мора да се концентрира на филтерот за да не се проѕева
3. Доктор Неутра сметал дека овој маж е интелектуалец, интелигентен и замислен лик
4. Не можете да се потпрете на оваа личност. Таа е слаба, тешко се живее со неа и склона е кон лажење
Продолжува на следната страница…