Напуштена верверица станала најслаткото домашно милениче
Кога еден маж се вратил дома открил дека мајка верверица направила гнездо во неговиот кревет за неа и за нејзините две новороденчиња.
Кристина и Мајкл, кои работат како заштитници на дивиот свет, биле повикани за овој „инцидент“ и се обиделе да ги спојат малечките со нивната мајка. Додека собирала материјали за гнездото, верверицата немала намера да ги носи и малечките. По некое време целосно престанала да се враќа во гнездото.
За жал, едно од малечките не преживеало. Откако било прегледано и другото, ветеринарот заклучил дека и тоа не би преживеало само. Токму поради ова Кристина и Мајкл решиле да ја посвојат Палчица.
Палчица била посебна уште на почетокот. Бидејќи се родила во невообичаена сезона и ги изгубила и мајка ѝ и сестра ѝ, морала да расте сама без интеракција со други верверици.
Сè во врска со Палчица се одвивало навистина бавно. Додека повеќето малечки веќе не сакале млеко и почнале да јадат тврда храна, кај Палчица немало напредок. Исто така, за разлика од другите верверици, Палчица не била заинтересирана за скокање и качување. Често одела наместо да трча и седела наместо да се качува. И покрај сите обиди да ја запознаат со други верверици, таа никогаш не сакала да биде со нив.
„Не знам што мисли дека е, но дефинитивно не е верверица“, изјавил еден од сопствениците.
Денес Палчица е среќна верверица која ги минува деновите мирно со Мајкл и Кристина. Сака грашок, авокадо и рукола, а воопшто не сака да излегува надвор, не сака студено време и други верверици и ја мрази правосмукалката.
Продолжува на следната страница…