5 причини зошто треба секогаш да ги барате ризичните нешта
Сигурно барем еднаш досега сте побарале нешто ризично. Ова барање сигурно не ви дозволувало да заспиете, но голема е веројатноста исходот да бил позитивен. Позајмување, покачување, донација… овде спаѓа што било за коешто ви е потребна нечија помош. Проблемот е што помошта не е понудена.
Поради тоа, мора да ги барате овие нешта, дури и ако постои голема веројатност да бидете одбиени. Ако ве плаши, тоа е добро. Сите добри нешта се страшни на почетокот. Па, погледнете зошто секогаш треба да ги барате ризичните нешта.
1. Ако не го направите тоа, подоцна ќе ви биде криво
Ако не побарате вие, некој друг ќе го направи тоа и навистина ќе ве боли да гледате како таа личност го живее вашиот сон. Немојте никогаш да бидете личноста што го нема животот од соништата поради страв. Не заборавајте дека секогаш ќе има некој со повеќе самодоверба и ќе го побара она што го сака доколку вие не го направите. Едноставно поставете го прашањето и продолжете со вашиот живот, без разлика на одговорот.
2. Ќе го придвижите вашиот живот
Лекот за што било е движење. Лекот е да се разбудите, да станете од креветот и да направите нешто во врска со тоа што го сакате. И во овој случај, лекот за вашиот страв е движењето. Движењето значи да ги побарате парите на заем, да го побарате покачувањето, да побарате ново работно место. Без разлика на стравот, направете го она што е потребно.
3. Можеби ќе добиете потврден одговор
Поминувате толку многу време размислувајќи за најлошите исходи, кога всушност можете да добиете потврден одговор на вашето барање. Колку пати како мали сте се мислеле дали да им побарате пари на родителите? Нивниот одговор може да биде или да, или не. Ако е не, не е крај на светот. Ако одговорот бил да, сте добиле повеќе пари. Како и да е, сте се чувствувале многу подобро откако сте прашале. Истото важи и во светот на возрасните.
4. Можете да ветите награда
Веројатно се подготвувате да поставите ризично барање, како донација или заем, бидејќи сакате да го подобрите вашиот живот. Целта не ви е да ги истрошите тие средства на непотребни работи и никогаш да не ги вратите. Па, ова е вашата можност да размислувате позитивно.
Замислете си како ѝ враќате на личноста што ви дала донација или пари на заем. Замислете си како во некоја иднина, без разлика дали следниот месец или за десет години, враќате сè што ви било дадено. Замислете си дека вашето барање е како гориво што ќе ви помогне, а не како нешто што привремено ќе ве извади од калта. На овој начин ќе чувствувате помалку вина и ќе верувате во себе, бидејќи ќе знаете дека ќе го вратите долгот.
5. Ќе живеете похрабро
Храброста доаѓа кога се ставате во неудобни, но наградувачки ситуации. Храброста доаѓа откако ќе се справите со некои од најлошите исходи, како одбивањето, а сепак сте продолжиле да се движите.
Никој не мора да мисли дека сте храбри, доволно е вие да знаете. Не дозволувајте му на стравот да ве кочи. Секогаш барајте ги ризичните работи без разлика на ризикот од одбивање и секогаш правете го страшното нешто и покрај ризикот од неуспех. Бидејќи нели, животот започнува на крајот на вашата зона на удобност.
Погледнете и кои се ризиците што секој треба да ги преземе барем еднаш во животот.