Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Оклахома, покажало дека личностите што сакаат да гледаат одреден вид научно фантастични филмови имаат многу позрел поглед кон љубовта и сексуалните односи од личностите што бираат романтични комедии или драми.
Во истражувањето учествувале 404 возрасни хетеросексуални личности, а прашањата што им ги поставувале барале од нив да именуваат актери од седум филмски жанрови, а потоа одговарале на прашања поврзани со романтичната врска и нивните ставови на тоа прашање.
Личности кои, меѓу останатото, одговориле дека се љубители на филмовите како „Хари Потер“ (Harry Potter) и „Одмаздници“ (Avengers), имале многу пореални ставови и погледи кон љубовта и сексот. Исто така, оние што општо ги сакале научно фантастичните приказни повеќе од останатите жанрови, не сметале дека караниците во врската водат кон раскинување и не се обидувале да ги сменат своите партнери.
Од друга страна пак, оние што се изјасниле како љубители на романтични комедии и драми, јасно дале до знаење дека прифатиле многу нереални ставови во однос на љубовта од филмовите што ги гледале и дека голем дел од нив ги бараат овие нешта и во реалноста.
Погледнете го и ова интересно истражување што докажало дека милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска.

