Од појавата на електричната машина за перење облека во 1900-тите, перењето станало многу побрза и полесна обврска. Но, сè уште постојат грешки при перењето што многумина од нас продолжуваат да ги прават. Поради овие грешки можете да ги уништите и вашите омилени парчиња облека. Па, погледнете некои од најчестите и како да ги избегнете.rn
1. Не употребувате антибактериско средство за облека
rn
rnrnАко некој од вашите членови од семејството имал некаква болест, како на пример грип, обичното перење може да не биде доволно. Потребно е да употребите посебно антибактериско средство за да го спречите ширењето на инфекцијата. За бела облека можете да користите избелувач со хлор. Внимателно следете ги инструкциите на пакувањето. Најчесто треба да го нанесете директно на облеката во пералната.rn
2. Не ја чистите машината за перење облека
rn
rnrnСтарите модели на машини за перење имаат филтер кој треба да се чисти редовно. Ако сте премногу зафатени, обидете се да го чистите барем еднаш месечно. Извадете го според упатството на машината и исчистете го со четка и малку детергент. За подобри резултати можете да го накиснете во врела вода 10-тина минути.rnrnПоновите машини го немаат овој филтер. Тие имаат опција за чистење која е добро да ја вклучите еднаш месечно. Некои експерти советуваат да користите и таблети за чистење или течни раствори. На овој начин ќе ѝ го продолжите животот на машината за перење.rn
3. Ја перете облеката превртена на погрешна страна
rn
rnrnОткако ќе ги испразните џебовите на фармерките, превртете ги од другата страна. И тие треба да се исперат. Џемперите и памучните блузи перете ги превртени наопаку. Со ова ќе го спречите оштетувањето на материјалот.rn
4. Ставате премногу облека во машината
rn
rnrnМашината може да изгледа голема со многу простор за исполнување. Но експертите за чистење препорачуваат дека треба да ѝ дадете доволно простор на облеката. Дури и ако машината е полна, внатре сепак треба да има место колку две тупаници. Ова ќе овозможи подобро перење и плакнење на облеката.rn
5. Не ги одделувате чорапите
rn
rnrnОткако ќе ги ставите чорапите со другата облека, може да ви биде тешко да ги пронајдете повторно. Најдобро е да ги ставите во платнена торба или во навлака од перница.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn