КАФЕ ПАУЗА

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естроген

Естрогенот е главниот женски хормон којшто е одговорен за развитокот и регулацијата на репродуктивниот систем, како и половите одлики (растење на гради, влакна под пазувите и менструален циклус). Од голема важност е да го контролирате и да го одржувате нормалното ниво на естроген, бидејќи прекумерното количество може да предизвика рак. Поради тоа, добро е да знаете кои се предупредувачките знаци дека имате премногу естроген во вашето тело.rn

ПРИЧИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНО ЛАЧЕЊЕ НА ЕСТРОГЕН

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnПостојат 2 начини на кои природно се зголемува нивото на естроген – за време на пубертет и за време на бременост. Но, зголемувањето на нивото може да настане и од други причини. Вишокот естроген може да биде предизвикан од околината или начинот на исхрана.rnrnДенес воопшто не е тешко да го покачите нивото на естроген бидејќи можете да го најдете во храна што има токсични пестициди, хербициди и хормони за растење. Па, внимателно одбирајте ги продуктите што ги купувате и секогаш проверувајте ги состојките и каде се произведени.rnrnПокрај овие причини, постојат и други фактори кои влијаат на нивото на естроген и се поврзани со начинот на живот:rnrn1. Претерано консумирање алкохол и лековиrnrn2. Болести на срцето, дијабетес, дебелина и висок крвен притисок.rnrn3. Стресrn

ЗНАЦИ ЗА ВИСОКО НИВО НА ЕСТРОГЕН КАЈ ЖЕНИТЕ

rnОбрнете внимание на следниве знаци и веднаш посетете лекар ако пронајдете нешто што ве вознемирува.rn

1. Потечени и чувствителни гради

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnМногу жени чувствуваат промена во нивните гради за време на циклусот и во текот на бременоста бидејќи градите се навистина чувствителни на хормони. Ако градите ви се чувствителни, ве болат, или се потечени, тоа може да биде знак за високо ниво на естроген.rn

2. Променливо расположение

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnЕстрогенот има влијание на вашата ментална состојба и на вашите емоции. Овие чувства можат да бидат слични со ПМС симптомите. Можеби ќе се чувствувате депресивно или ќе имате анксиозност, а вашите емоции ќе се менуваат без причина.rn

3. Фиброцистични грутки во градите

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnАко естрогенот доминира, можете да почувствувате грутки во вашите гради. Тие можат да бидат чувствителни или болни. Доколку забележите каква било грутка или промена на вашите гради, веднаш посетете го вашиот лекар.rn

4. Паѓање на косата

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnОбично ова е машки проблем, но кога во телото се лачи повеќе естроген, можно е косата да ви паѓа повеќе од вообичаено. Ова може да предизвика уште посилна депресија. Но не заборавајте дека бројот на паднати влакна зависи и од вашиот начин на живот.rn

5. Дебелеење

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnДоколку сте забележале дека не јадете премногу и сте колку-толку активни, а качувате килограми, можеби во телото имате вишок естроген. Исто така може да се појави подуеност и да ви биде тешко да ги намалите килограмите, дури и со диета.rn

6. Нередовна менструација

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnОва е особено важен знак за жените кои имаат редовна менструација којашто одеднаш почнува порано или подоцна. Вашиот менструален циклус е контролиран од нивото на хормони во телото, па ако има нерамнотежа, ќе настанат промени.rn

7. Постојан замор

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnАко имате проблеми со спиењето, можно е да чувствувате постојан замор и ова е нормално. Но ако сте забележале дека сте изморени почесто од вообичаено, а немате направено промени во животниот стил, можеби треба да ги проверите хормоните во вашето тело.rn

8. Проблеми со спиењето

rn8 алармантни знаци дека во вашето тело има премногу естрогенrnrnВишокот естроген може да предизвика и разни проблеми со спиењето. Можно е да бидете поразговорливи и да не можете да спиете, или обратно – постојано да ви се спие. Обрнете внимание на тоа дали има промени во вашите навики за спиење без промена на нивото на стрес.rnrnДознајте и кои хормони предизвикуваат дебелеење и како да ги избегнете.