КАФЕ ПАУЗА

12 факти за Саграда Фамилија, најпосетената атракција во Барселона

12 факти за Саграда Фамија, најпосетената атракција во Барселона

Најпозната црква во Барселона се гради веќе 135 години. Можеби најдоброто дело на познатиот архитект Антони Гауди поминало низ сè, но изградбата конечно е при крај. Бидејќи проектот се протега со генерации, речиси секој, од авторот Џорџ Орвел, до архитектот Волтер Гропиус, дале свое мислење за архитектурата. Па, погледнете некои од најинтересните факти за оваа неверојатна црква.rnrn12 факти за Саграда Фамија, најпосетената атракција во Барселонаrn

1. Сè започнало со продавач на книги

rnОна што се претворило во ремек-делото на Гауди, започнало поради патување на продавач на книги до Ватикан. Џозеф Марија Бокабела ја посетил Италија во 1872-ра година и се вратил инспириран да изгради црква слична на оние што ги видел таму. Финансирана од приватни донации, изградбата започнала десет години подоцна, односно во 1882-ра година.rn

2. Гауди не бил вклучен на почетокот на проектот

rnОригиналниот архитект, Франциско Паула дел Вилар, планирал да направи стандардна готска црква. Кога се откажал по една година од почетокот, Гауди ја презел работата и ги променил плановите.rn

3. Се градела подолго од Големата пирамида во Гиза

rnГауди бил во неговите рани 30-ти кога се вклучил на проектот. Во 1914-та година се откажал од сите други проекти со цел да се фокусира само на црквата. Кога Гауди умрел во 1926-та година, од конструкцијата била завршена помалку од четвртина. Црквата била изградена до половина дури во 2010-та година. Засега се очекува изградбата да заврши во 2026-та година, еден век по смртта на Гауди. Ако нештата одат по планот, тоа ќе значи дека за изградбата биле потребни 144 години. Тоа е околу 10 пати повеќе од времето потребно за конструкцијата на Големата пирамида и 123 години повеќе од времето потребно за Таџ Махал.rnrn12 факти за Саграда Фамија, најпосетената атракција во Барселонаrn

4. Гауди не се грижел колку време ќе биде потребно

rnГауди никогаш не бил загрижен за темпото со кое се одвивала изградбата. Всушност, дури изјавил дека на неговиот клиент не му се брзало. Бидејќи бил свесен дека ќе бидат потребни генерации за изградба, Гауди често го менувал планот додека го посетувал градилиштето и го направил флуиден.rn

„Нема причина да жалам што нема да можам да ја завршам црквата. Ќе остарам, но после мене ќе дојдат други. Она што мора да се задржи е духот на работата, но нејзиниот живот зависи од генерациите на кои е предадена.“

rn

5. Некои професори сметаат дека Саграда Фамилија не останува достојна на оригиналната визија на Гауди

rnНеколку оригинални планови за црквата биле уништени од анархистите во 1936-та година, за време на Шпанската граѓанска војна. Затоа и требало да се претпостави каква била визијата на Гауди. Ова, се разбира, предизвикало контроверзија.rnrnВо 2008-ма година над 100 членови на Заедницата на уметници и архитекти на Барселона потпишале манифест и протестирале бидејќи нашле грешки во дизајнот. Тие сметале дека сега се гради туристичка атракција и дека градбата нема никаква врска со духот на Гауди.rn

6. Гауди е закопан таму

rnИзгледа сосема достојно мажот што го посветил последниот дел од животот на црквата да биде закопан таму. Умирајќи неколку денови откако бил удрен од трамвај во 1926-та година, Гауди бил закопан во криптата.rnrn12 факти за Саграда Фамија, најпосетената атракција во Барселонаrn

7. Црквата е финансирана приватно

rnПродолжувајќи ја традицијата на приватни донации, Саграда Фамилија е целосно финансирана од приватни пари. Гауди изјавил:rn

„Направена е од луѓето и е рефлектирана во нив. Ова е дело во рацете на Бог и волјата на луѓето.“

rnНавистина, досега ниту владата на Шпанија ниту која било црква немаат платено за изградбата која до овој момент се проценува на околу 25 милиони евра годишно. Денес буџетот се полни со влезниците на црквата, кои се движат од 15 до 20 евра, и од приватни донации.rn

8. Имало и училиште

rnВо 1909-та година, Гауди ги дизајнирал училиштата Саграда Фамилија. Биле наменети за децата на работниците кои работеле на црквата, иако и децата од посиромашни семејства оделе таму.rnrnГрадбата имала 3 училници, ходник и капела. Структурата била лоцирана на самото градилиште до 2002-ра година кога просторот станал потребен за доградување на црквата. Тогаш училиштето било преместено.rn

9. Технологијата ја забрзува изградбата

rnНапредокот во технологијата за сечење камен значи дека некогаш напорната рачна работа може да се изведе многу побрзо. Во 2015-та година, главниот архитект Џорди Кол искористил 3Д технологија за печатење за да направи подобар концепт за тоа како новите делови од црквата ќе се вклопат со старите.rnrn12 факти за Саграда Фамија, најпосетената атракција во Барселонаrn

10. Секоја кула има симболично значење

rnВо оригиналниот дизајн требало да има 18 кули што ќе ги претставуваат апостолите, 4-те евангелисти, Дева Марија и Исус Христос. Кулите визуелно ја претставуваат хиерархијата на овие лица со нивната височина. Засега има изградено само 8 кули, а кога ќе се изгради и највисоката, онаа што ќе го претставува Исус, црквата ќе има височина од 170 метри. Ова е малку пониско од највисоката точка на Барселона бидејќи самиот архитект сметал дека ништо направено од човек не смее да го надмине она направено од Бог.rn

11. Ентериерот на таванот имитира дрва

rnСекогаш барајќи инспирација во природата, не треба да нè изненади што Гауди вметнал многу симболи од неа. Најневеројатен е таванот кој претставува духовна шума каде што столбовите се еден вид дрвја кои се разгрануваат кон врвот.rn

12. Ова е најпосетената атракција во Барселона

rnСекоја година над 3 милиони луѓе го посетуваат ремек-делото на Гауди.rn

„Луѓето сè уште се фасцинирани бидејќи не пости друго вакво место на светот. Нема ниту една црква платена од луѓето која внатре е висока 60 метри. Нејзината магична атмосфера предизвикува убави чувства кај посетителите. Тие се восхитени и повторно ја посетуваат црквата секој пат кога ќе се вратат во Барселона. Можете да сретнете туристи кои биле во црквата 9-10 пати“, изјавил авторот Тате Кабре.

rnДознајте и нешто повеќе за архитектурата на Сан Франциско и историјата зад викторијанските куќи.