Кои инсекти предизвикуваат најмногу болка со нивниот убод?
Кога ќе се соочите со (непознат) инсект, најверојатно првото прашање ви е дали може да ве касне. Добро е да знаете дали треба да се држите понастрана од некој инсект, но не сите нивни убоди се исти.
Некои убоди нема ни да ги почувствувате, други може да предизвикаат блага болка, па чешање, а некои можат да предизвикаат навистина силна болка што сигурно ќе ве исплаши.
Многу од она што го знаеме за неудобноста од убодите на инсектите е благодарение на ентомологот Џастин О. Шмит. Џастин е директор на Југозападниот биолошки институт во Аризона и автор на книгата „Убодот на дивината“ (The Sting of the Wild). Во книгата се рангирани убодите од разните инсекти. Скалата на болка од убод од инсект на Џастин е поделена на нивоа – од 1 до 4+, каде што 1 е најслаба болка, а 4+ е најужасна. Погледнете кои инсекти предизвикуваат најмногу болка.
1. Антофоридна пчела (Neolarra vigilans)
Џастин ја категоризирал болката од убодот на овој вид пчели на прво ниво. Ја опишал како „речиси пријатна“. За среќа, секој може да го издржи ова ниво на болка.
2. Западна медена пчела (Apis mellifera)
Голема е веројатноста да сте биле каснати од овој вид пчели. Убодот предизвикува печење, но сепак е издржливо. Чувството е како до кожата да ви се доближило запалено чкорче кое потоа е загаснато со сулфурна киселина.
3. Мравка жетвар (Pogonomyrmex spp.)
Отровот на мравките жетвари е навистина моќен – 40 пати посилен од ѕвечарката, но во една мравка има многу малку. Болката од овие инсекти е помеѓу 3 и 4, навистина е силна и трае долго. Убодот од 12 вакви мравки може да убие стаорец од 2 килограми.
Џастин открил дека хемијата на отровот на овие инсекти е многу поразлична од другите, па нивниот убод ќе биде придружен со уникатни симптоми, како на пример, потење.
4. Оса тарантула (Pepsis spp.)
Ако сте доволно несреќни да налетате на овој инсект, Џастин препорачал само да легнете и да викате. Болката од нивниот убод е толку силна што постои ризик жртвата дополнително да се повреди обидувајќи се да ја спречи.
4+. Мравка куршум (Paraponera clavata)
Вооружена со најболниот убод од сите инсекти, отровот на овие мравки содржи уникатен пептид кој е толку моќен што само еден убод може да убие верверица со средна големина. Овие мравки живеат во Јужна Африка и понекогаш се дел од ритуалите за иницирање нови воини во амазонските племиња. Болката е чиста и интензивна и е вистинско мачење.
Дознајте и како да ги препознаете најчестите убоди од инсекти.