Откако Хајди Клум ги изненади фановите со фотографија на која јаде големо парче пица, супермоделите почнаа да ја откриваат нивната љубов кон брзата храна. Изгледа дека изгладнувањето и отфрлањето на омилената храна нема воопшто да ви помогне да бидете во форма, дури ни во високата мода. Погледнете како супермоделите изгледаат неверојатно и здраво без да се мачат со строги диети.rn
1. Хајди Клум
rn
rnrnХајди е мајка на 4 деца и често ја прашуваат каква диета држи што ѝ помага да остане во форма. Во нејзините интервјуа Хајди изјавува дека нема одредена диета, туку само сака да се храни здраво и преферира готвена храна. Верува дека кога јадете надвор или порачувате храна, не можете да контролирате што има во секој оброк. Таа има и уште една тајна – последниот оброк го јаде во 18 часот и му дава на телото време да ја свари храната и да согори уште некоја калорија.rn
2. Џосефин Скривер
rn
rnrnЏосефин успешно ги комбинира утринското вежбање и хранливиот појадок, а ова го прави нејзиниот ден навистина продуктивен. За да се справи со гладот, со неа секогаш има некаква ужина. Овде спаѓаат протеински плочки, инстант овес и овошје. Џосефин има и денови за мамење кога може да јаде пица, хамбургери или нејзиното омилено црно чоколадо.rn
3. Бела Хадид
rn
rnrnБела тврдела дека јадењето сендвич со кашкавал и помфрит е нејзина секојдневна рутина. Можеби е тешко да се поверува, но Бела ужива во едноставни оброци, како на пример, пица. Можеби на некој му звучи како сон, но сите тела се различни. Додека јадењето пица не ѝ предизвикува проблем на Бела, може да има друг ефект кај останатите.rn
4. Кендал Џенер
rn
rnrnИако таа се држи до здрава исхрана, и Кендал има оброци за мамење. Мамењето во текот на диетата ви дава испланирана дозвола да изедете нешто што не е здраво но го сакате, и го намалува психолошкиот стрес од воздржувањето. Кога се подготвува за модна ревија, Кендал консумира овошје и зеленчук и пие чај за детоксикација.rn
5. Лиса Лорлес
rn
rnrnФитнес блогерката Лиса редовно споделува совети за фитнес и здрава исхрана на нејзиниот канал на Јутјуб. Изненадувачки е што нејзините здрави рецепти често вклучуваат и леб, палачинки, па дури и крофни. Лиса не брои калории, туку консумира храна богата со витамини, минерали и сложени јаглехидрати. Нејзината тајна е јадење храна што дава енергија за појадок, како палачинки од овес, и пие многу вода помеѓу оброците.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn