КАФЕ ПАУЗА

7 нешта што ги прават родителите на децата со голема самодоверба

7 нешта што ги прават родителите на децата со голема самодоверба

Како родител, ваша обврска е да создадете околина што го охрабрува вашето дете и го учи дека стравот е нормална човечка емоција. Важно е да му покажете дека надминувањето на стравот е патот кон неговиот успех. Родителите на децата со висока самодоверба, секогаш ги прават овие работи…rnrn7 нешта што ги прават родителите на децата со голема самодовербаrn

1. Ги учат за вредноста на вложеното време

rnМора да вежбате ако сакате да научите нешто, но децата не го сфаќаат ова. Кога тие ќе се обидат да направат нешто и нема да успеат од прв пат, чувствуваат разочарување. Поради ова важно е да ги научите дека за некои нешта е потребно време. Потребно е да вежбаат и да вложат труд за да стекнат некоја вештина. А кога детето ќе забележи дека станува подобро во нешто, неговата самодоверба ќе се зголеми.rn

2. Ги учат да решаваат проблеми

rnНема секогаш да бидете овде за да им помагате на децата. Всушност, ова ќе се случи уште кога ќе тргнат на училиште. Кога ќе го научите детето самото да ги решава проблемите, тоа може да стане независно. Со креативно решавање на проблемите, детето ќе сфати дека може да постигне многу и да ги надмине сите предизвици.rnrnУмот е моќна алатка кога силно верувате во нешто, па ова е најлесното нешто што можете да му го покажете на детето, а ќе има големо влијание на неговата самодоверба.rn

3. Ја охрабруваат нивната љубопитност

rnПостојат неколку причини зошто е важно да ја охрабрувате љубопитноста и желбата за знаење на децата. Кога децата самите истражуваат и учат нови нешта, нивната самодоверба расте. Љубопитноста не е поврзана само со зголемената самодоверба, туку и со менталната сила, издржливоста и самоконтролата.rn

4. Ги предизвикуваат

rnКако родители, веројатно често сакате вашите деца да бидат безбедни и да им биде удобно. Но созревањето се случува кога сме соочени со несигурност, незнаење и неудобност. Родителите на децата со самодоверба не се плашат да им поставуваат предизвици бидејќи им е јасно од каде потекнува созревањето. Кога ќе ги надминат нивните граници, тие стануваат нешто подобро.rnrnНајдобриот начин да го направите ова е да ја зголемите одговорноста за дадената задача. Оставете го детето самото да се справи со нешто и да вложи труд.rn

5. Ги учат да го гледаат неуспехот како шанса за учење и созревање

rnЕдно до најважните нешта за самодовербата е начинот на кој вашето дете го гледа неуспехот. Кога детето ќе се соочи со неуспех или пречка што го тера да мисли дека не може понатаму, тоа мора да донесе одлука. Важно е вие да му помогнете бидејќи најверојатно детето ќе се откаже.rnrnВажно е да го научите детето за значењето на неуспехот и да му покажете дека тој е всушност можност за напредок, а не знак за неспособност.rn

6. Ги учат дека кога врските не успеваат, секогаш можат да стекнат нови пријатели

rnМожеби сметате дека е рано да ги учите децата за предизвиците во врските, но ова е од голема важност. Просечното дете започнува да создава пријатели уште во градинка. Кога ќе стигне до основно училиште веќе почнува да се зборува за најдобри другарчиња и се формираат социјални врски. Вашето дете треба да верува дека кога едно пријателство ќе заврши, тоа може да најде други пријатели.rn

7. Ги учат како да им биде удобно со нивните емоции

rnМалку деца знаат како да се справат со нивните емоции. Но кога станува збор за самодовербата, важно е да знаат кои емоции можат да им ја намалат. Овде спаѓаат чувствата како страв, гнев, фрустрација, завист, љубомора и разочарување.rnrnДајте му до знаење на детето дека секој има лоши и ирационални мисли кои не секогаш се реални. Ова ќе направи голема разлика во нивниот живот, најмногу бидејќи тие се во фаза на развој.rnrnПогледнете и зошто децата го копираат однесувањето на родителите и како да бидете добро влијание за нив.