Одберете круг и дознајте нешто навистина интересно за вашиот карактер

Одберете круг и дознајте нешто навистина интересно за вашиот карактер

Сите избори што ги носиме, се темелат на нашето досегашно искуство, како и на нашиот карактер. Погледнете ги следниве 6 круга и одберете го оној што најмногу ве привлекува, а потоа откријте интересни нешта за вашиот карактер и начинот на кој ги носите одлуките.

1. Вие сте мислители

Барате многу, и од себе, и од другите. Вие сте личност што оди на сè или на ништо. Не можат сите да ве разберат, па затоа и често наидувате на недоразбирања и расправии. Од друга страна пак, создавате навистина интимни односи со вистинските пријатели.

Во љубовта, обрнувате внимание на искреноста и преданоста, а токму тоа е најважно за долготрајна врска. Важно ви е да се чувствувате сакани, бидејќи во спротивно се изолирате додека не заздравите од разочарувањето.

2. Вие сте креативни

Потребна ви е слобода за да бидете среќни и да не се чувствувате како да се гушите. Вие сте индивидуалисти и сакате да ги правите работите сами, наместо да чекате на помошта од другите. Имате дарби што ви помагаат да се истакнете во светот на уметноста.

Не ви се допаѓа кога луѓето ве лажат, па затоа секогаш им давате предност на оние што се искрени и автентични кон вас. Останувате верни на своите ставови и верувања до крај, дури и ако тоа почне да ви го комплицира животот.

3. Вие сте енергични

Родени сте за да бидете лидери! Авантурата е вашето средно име. Сакате да ги ширите своите граници и да бидете дел од сè што ви изгледа привлечно и интересно. Затоа и никогаш не бегате од непознатото или од мистериозното.

Не сакате рутина, па затоа се обидувате да го минувате секој ден на поразличен начин од претходниот. Дури и кога сте приморани да живеете со некаков вид рутина, вие ги гледате нештата од друга перспектива.

4. Вие сте опуштени

Осаменоста, спокојот и чувството на мир ве дефинираат. Многу сте резервирани. Кога ќе се одлучите да се дружите со луѓе, сакате да го поминете времето со оние што навистина ви значат и што ги делат истите карактеристики како вас.

Не ви се допаѓаат строгите ограничувања или правила што не ви дозволуваат да бидете личноста којашто навистина сте. Затоа и постојано се борите за да се пробиете во вистинското светло и покрај себе ги задржувате само оние што го ценат тоа.

5. Вие сте практични

Вие сте сериозна и работлива личност на којашто имиџот ѝ е навистина важен. Вашите чест и достоинство се над сè останато. Ве познаваат како одговорна личност која секогаш е свесна за последиците на своите постапки.

Мислењата на другите ви се многу важни, па секогаш внимателно ги слушате. Никогаш не делувате без размислување и ги признавате грешки и неуспесите, обидувајќи се постојано да се подобрувате во сè што правите.

6. Вие сте романтичари

Не размислувате многу за луѓето со ладни карактери. Вие сте многу чувствителни и секогаш го барате совршенството. Не сте задоволни со стари работи и со лош квалитет. Сакате сè да ви биде средено под конец.

Потребна ви е помош и поддршка од другите за да се почувствувате сигурни и не сакате да минувате време сами. Вие ја црпите енергијата од најблиските и без нив не би можеле ништо да направите.

Кликнете на едно сонце и тоа ќе осветли скриени аспекти од вашата личност…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар