Ако сте љубители на добри филмови, тогаш имаме одлична листа за вас! Според IMDb, најпопуларниот извор на информации за сè поврзано со филмови, следниве осум филмови имаат највисоки оценки. Па, ако се мислевте да правите маратон викендов, сигурни сме дека ќе уживате во овие филмови, дури и ако некои од нив веќе сте ги изгледале…rn
1. Бегство од Шошенк (The Shawshank Redemption) – 9.3
rn
rnrnДвајца затвореници се зближуваат со текот на годините, наоѓаат мир, па дури и искупение преку едноставни добри дела. Овој филм излегол во 1994 година.rn
2. Кум (The Godfather) – 9.2
rn
rnrnСтариот патријарх на династија за организиран криминал, ја префрла контролата на својата огромна империја на неспремниот син. Филмот излегол во 1972 година.rn
3. Кум 2 (The Godfather: Part II) – 9.0
rn
rnrnВторото продолжение на Кум е веднаш зад својот претходник, правејќи го еден од ретките филмови што ја достигнуваат славата на оригиналот. Вториот дел излегол во 1974 година.rn
4. Мрачниот витез (The Dark Knight) – 9.0
rn
rnrnПојавата на Џокерот носи хаос на улиците во градот Готам. Мрачниот витез мора да прифати еден од најголемите психолошки и физички тестови на својата способност да се бори против неправдата. Премиерата на овој филм била во 2008 година.rn
5. 12 лути мажи (12 Angry Men) – 8.9
rn
rnrnПоротата мора да одлучи дали еден млад маж е невин или виновен за убиството на својот татко. „12 лути мажи“ е најстариот филм на оваа листа, односно премиерата му била во 1957 година.rn
6. Шиндлеровата листа (Schindler’s List) – 8.9
rn
rnrnВо Полска, за време на Втората светска војна, кога била окупацијата од Германија, Оскар Шиндлер неочекувано почнува да се грижи за Евреите откако дознава како се однесуваат германските нацисти кон нив. Премиерата на овој филм била во 1993 година.rn
7. Господарот на прстените: Враќањето на кралот (The Lord of the Rings: The Return of the King) – 8.9
rn
rnrnТретото продолжение на можеби најпознатата франшиза од областа на фантазијата е без сомнение најдоброто од сите. Со тоа се согласуваат и скоро 1,5 милиони гледачи на IMDb. Премиерата на филмот била во 2003 година.rn
8. Евтини приказни (Pulp Fiction) – 8.9
rn
rnrnОвој филм од 1994 година ни ги покажува животите на двајца платени убијци што работат за мафија, боксер, сопруга на гангстер и еден пар бандити, низ четири различни приказни со насилство и искупение.