Колку и да звучи сурово, многу врски нема да бидат успешни. Но, причината не е секогаш тоа што токму тие двајца не требало да бидат заедно. Разделбата ретко има врска со вистинската љубов и често е поврзана со нерамнотежа.rnrn
rnrnБез разлика колку сакате некого, успехот на врската најмногу зависи од начинот на којшто го живеете вашиот живот и личноста што сте ја одбрале да биде со вас. Погледнете кои секојдневни навики можат да ја уништат вашата врска.rn
1. Апатија
rnАпатијата често се појавува кога ќе избледи еуфоријата од почетокот на врската. Во овој случај не ви е грижа да му одговорите на партнерот. Не ви е грижа дали тој направил нешто добро за вас или пак направил некоја грешка. Апатијата е лош знак дека полека се оддалечувате од саканата личност.rn
2. Посветување внимание само на себе
rnВо секоја успешна врска партнерите се грижат еден за друг. Секоја личност ја поддржува другата и редовно проверува како се чувствува. Па, ако сте навикнати да поминувате малку време со саканите, ќе ви биде тешко да ја одржите вашата врска.rnrnАко сè што правите е само за вас, како на пример излегување, гледање на омилените серии, играње игри и слично, ќе треба да прифатите голема промена во вашиот живот или да го прифатите фактот дека вашата врска нема да успее.rn
3. Асоцијална самотија
rnНема ништо лошо во самотијата. Всушност, навистина е добро секој ден да поминувате време со самите себе. Но ако вашата самотија е постојана и ако се однесувате aсоцијално, со текот на времето тоа ќе се одрази на вашата врска. Врските се засновани на комуникација и интеракција, а недостатокот од тоа ќе ја наруши нивната основа.rnrnМожеби мислите дека нема никогаш да му го направите тоа на вашиот партнер. Но како што исчезнува еуфоријата од новата врска, вашите навики ќе се вратат и врската ќе страда. Единствениот начин да ја спасите врската е да ги промените вашите навики.rn
4. Лаги и прикривање
rnДали имате навика да кажувате мали лаги за да се прикриете? Можеби лажете дека сте зафатени за да прекинете некој разговор или нешто слично? Иако еден ваков настан не изгледа како нешто сериозно, ова однесување се проширува сè додека не стане постојан дел од вашиот живот. Постојаното лажење на партнерот создава проблеми бидејќи и вие самите ќе заборавите што е вистина, а што не.rnrnАко сте навикнати редовно да лажете, дури и само за да се извлечете од нешто, тоа ќе ја „загади“ вашата врска и може да ја уништи.rn
5. Хроничен стрес со којшто не се справувате
rnСите сме изложени на стрес. Тоа е дел од животот што не можете да го избегнете. Но со доволно труд ќе научите како да се справувате со него, па дури и да го контролирате. Сепак ова нема да направи стресот да исчезне. Тој секогаш ќе биде присутен во вашиот живот до одреден степен. Но, ако сте изложени на хроничен, интензивен стрес којшто е закана за вашето физичко и ментално здравје, тоа може да претставува сериозен проблем за вашата врска.rnrnКога еден или двајцата партнери постојано се напнати, настануваат караници и за најнезначајните нешта. Со текот на времето овие караници го надминуваат трпението и на двајцата и предизвикуваат непоправлива штета на врската.rnrnЗа да се справите со хроничниот стрес, секој ден одвојте време за медитација, водење дневник, трчање или каква била друга активност што ве релаксира.rnrnПогледнете и кои проблеми во врската едноставно не се решаваат.
