КАФЕ ПАУЗА

11 причини зошто жените со анксиозност се најсилни

11 причини зошто жените со анксиозност се најсилни

Според Здружението за анксиозност и депресија во Америка, жените имаат двојно поголеми шанси да страдаат од анксиозност за разлика од мажите. Анксиозноста е сериозно нарушување и жените кои секојдневно се справуваат со неа заслужуваат пофалба. Погледнете зошто жените со анксиозност се многу посилни отколку што мислите.rnrn11 причини зошто жените со анксиозност се најсилниrn

1. Секојдневно водат битка

rnСекој ден може да биде постојана битка за жените што страдаат од анксиозност. Тие не знаат кога ќе треба да се справат со паничен напад или со лоши мисли, но сепак продолжуваат понатаму. Се обидуваат да го смират нивниот анксиозен ум и да ги завршат обврските.rn

2. Чувствителни се и имаат емоционална длабочина

rnЕмоциите се со многу висок интензитет кај луѓето со анксиозност. Тие се во допир со нивните емоции, па можат да ги разберат и туѓите. Овие жени имаат чувствителност и емоционална длабочина како никој друг и навистина ги поддржуваат саканите. Знаат како е да чувствувате болка и страв, па секогаш се обидуваат да им помогнат на сите.rn

3. Детално размислуваат за сè

rnУмот на жените со анксиозност постојано работи, па тие детално размислуваат за работите. Размислуваат за последиците од нивните постапки наместо да делуваат импулсивно. Нивната паника понекогаш ги учи како да внимаваат на сите детали и да планираат однапред.rn

4. Паметни се и начитани

rnЖените со анксиозност добро се подготвуваат пред секој настан за да ги избегнат најлошите можни сценарија што можат да ги замислат. Нивната желба за читање, учење и да бидат подготвени е водена од нивниот страв, но благодарение на тоа тие се навистина паметни и начитани.rn

5. Постојано се справуваат со осудувања

rnДругите постојано им судат на овие жени поради нивните силни емоции и реални чувства. Тие само сакаат некој да сфати дека нивните чувства се реални, но сè што слушаат е дека премногу размислуваат и дека сè е само во нивната глава. Постојано се справуваат со нивните анксиозни мисли и осудувањата, но сепак успеваат да го преживеат денот. Тие се многу посилни отколку што мислат.rn

6. Тие се својот принц на бел коњ

rnЖените со анксиозност знаат дека многумина нема да ја разберат нивната состојба. Знаат како изгледаат паничните напади, потењето на дланките и забрзаното чукање на срцето. Но знаат како самите да се извлечат од таа ситуација и да бидат својот херој.rn

7. Никогаш не се откажуваат

rnНајчесто нема воопшто да знаете дека некој близок страда од анксиозност. Причината е што овие луѓе напорно се обидуваат самите да се справат со нивниот проблем. Овие жени ќе направат сè што можат за да не ѝ дозволат на анксиозноста да ги надвладее.rn

8. Грижливи се и сочувствителни

rnЖените со анксиозност се навистина грижливи. Трпеливо ги слушаат нивните пријатели, па дури и ќе се стават во ситуации што ги плашат само за да ги направат среќни.rn

9. Тие се господари на нивната судбина

rnКај жените со анксиозност не постои опција да се чувствуваат беспомошно. Тие се борат против својата анксиозност и се обидуваат да ја создадат нивната судбина. Не сакаат да бидат жртви и секогаш застануваат на нозе, без разлика колку е тешка ситуацијата.rn

10. Постојано се обидуваат

rnАнксиозноста може да направи да се чувствувате навистина истрошено, и физички и ментално. Силните жени не дозволуваат овој замор да ги спречи. Тие знаат да се грижат за себе без разлика на сè и го даваат најдоброто од себе.rn

11. Простуваат

rnОвие жени нема да ви судат ако имате лош ден или ако сте со променливо расположение. Тие биле на ваше место и добро знаат како ви е. Ако минувате низ тежок период, тие ќе ве поддржат и ќе ви простат наместо да ви судат за вашата состојба.rnrnДознајте и кои здравствени нарушувања се предизвикани од анксиозноста.