Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Рак
Овој пар е многу популарен помеѓу пријателите и познаниците. Кога овие два знака ќе се сретнат, уште при првиот разговор ќе ја почувствуваат нивната заедничка судбина. Интензивната физичка привлечност може да прерасне во сексуална врска, а можеби и во брак. Клучот за успех на овој пар е во волјата на партнерите за простување и заборавање.
Најголемиот проблем меѓу нив е големата потреба од слобода и разновидност што ја имаат Близнаците. Тие се променливи, што значи дека навиката да прават повеќе работи одеднаш се спротивставува со фокусирањето на Ракот на само една личност, место или ситуација во даден момент. Ракот исто така може и погрешно да ја сфати потребата на Близнаците за надворешна стимулација како знак на сексуално одбивање, а тие пак, може да се нервираат од потребата на Ракот за емоционална кавга и неговото инстантно вознемирување.
Како резултат на овие разлики, Близнаците може да избегаат од врската најбрзо што можат, а Ракот ќе се повлече во себе и ќе стане параноичен. Од друга страна, доколку го надминат ова, Близнаците имаат моќ да ја исфрлат тагата од животот на Ракот, а тој може да му возврати на партнерот со топлина и сигурност. Ако ништо друго, оваа привлечност е добро искуство за Ракот и ново емоционално искуство за Близнаците. Тоа е сѐ во ред, но во некој момент проблемите ќе излезат на виделина. Еден ден, можеби еден од нив ќе отиде до продавница и никогаш повеќе нема да се врати. Ако дојде до ова, Близнаците не треба да бидат изненадени!
Маж Близнаци и жена Рак
Жената родена во знакот Рак на почетокот нема да се чувствува безбедно и сигурно со мажот Близнаци, па поради тоа ќе биде потребна многу работа за оваа врска да успее. Таа е инстинктивна, обична и со променливо расположение, а тој е доволно добро запознаен со наглите промени на расположението, бидејќи и самиот има двојна личност. И покрај тоа што промените кај Близнаците се од психичка природа, жената Рак без проблем ќе го прифати каков што е.
Кога нивната врска ќе стане сексуална, таа брзо ќе биде возбудена од способноста на машкиот припадник на Близнаците ментално да ги допре нејзините најдлабоки желби, токму поради неговата двојна природа. Таа потајно ќе ужива во забавата со љубовник, кој постојано ќе ја предизвикува да се прашува „што е следно?“
Жена Близнаци и маж Рак
Овој пар треба малку повеќе да се потруди околу врската за таа да биде успешна. Тоа ќе се случи доколку таа започне чесно да му ги искажува своите мисли и чувства на Ракот, а тој ѝ возвраќа со обилни чувства. И покрај тоа што е вистина дека најчесто разговараат за различни теми, бидејќи таа е рационална, а тој е емотивен, сепак жената во овој пар може да му помогне на мажот да стане посубјективен за своите емоции, додека пак тој ќе ја научи да биде почувствителна во комуникацијата.
Во сексуална смисла, меѓу нив постои длабока привлечност и одлична имагинација, поради што тие ќе посакуваат на нивниот креативен секс никогаш да не му дојде крајот.