Знаци кои покажуваат дека сте изложени на хроничен стрес
Нашиот организам помни сè, а еден од неговите најголеми непријатели е стресот, особено хроничниот. Поради ова од голема важност е да ги знаете симптомите на хроничниот стрес за да можете навреме да ја направите потребната промена во вашиот живот.
1. Уморни сте и покрај тоа што спиете доволно. Спиете редовно и доволно, но и покрај тоа се чувствувате уморно и повеќе сакате да се вратите во кревет отколку да правите што било друго.
2. Тешко се будите наутро. Поради долготрајната изложеност на стрес, надбубрежната жлезда не лачи доволно од хормонот кортизол кој наутро обично го стимулира создавањето енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.
3. Немирен сон и кошмари. Кога спиете подолго, се зголемува и бројот на пријатните соништа. Но кога сте нервозни и напнати, често се будите во текот на ноќта бидејќи кошмарите ги заменуваат убавите соништа.
4. Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес ја нарушува рамнотежата на електролитите во телото, па често имате потреба од нешто солено.
5. Ви се свртува кога станувате од седечка или лежечка положба. И овој симптом е директна последица од недостатокот на електролити.
6. Проблематичен ПМС и нередовна менструација. Поради стресот се лачат вишок хормони на стрес кои пак предизвикуваат нерамнотежа и на половите хормони. Ова резултира со силни ПМС симптоми и нередовен циклус. Болните менструални грчеви почесто се јавуваат кај жените кои се под стрес за разлика од другите.
7. Често сте настинати. Хроничниот стрес го намалува вашиот имунитет, па вашето тело потешко се справува со бактериите и вирусите на коишто сте изложени.
8. Одеднаш не знаете како да се справите со стресни ситуации. Некогаш сте биле подготвени за секоја ситуација и брзо сте се снаоѓале ако се појави проблем, но сега едноставно не знаете од каде да почнете и чувствувате паника. Причината е тоа што долгата изложеност на стресни ситуации ја намалува вашата толеранција и отпорност на стрес.
9. Не можете да преживеете без кофеин или енергетски пијалаци. Дали постојано пиете кафе или енергетски пијалаци за да го намалите заморот и да го избистрите умот? Вашиот природен резервоар со енергија е испразнет поради стресот.
10. Викенд главоболки. Можно е да се појават слаби главоболки или интензивна мигрена во текот на викендот кога се намалува нивото на напнатост и стрес.
11. Ненадејна појава на акни. И воспалението на кожата може да биде знак за стресен начин на живот. Ако се соочите со нешто вакво, негувајте ја кожата со продукти што содржат салицилна киселина и бензоил, како и со хидратантна крема што не ја суши кожата. Доколку состојбата не се подобри по неколку недели, посетете дерматолог.
12. Кожни болести. Поради стресот и емоционалното оптоварување можно е да се појават и кожни болести.
13. Појава на нови алергии. Хормоните на стрес го поттикнуваат лачењето на протеинот во крвта кој е одговорен за алергиските реакции во телото.
14. Болки во стомакот. Иако поврзаноста помеѓу вознемиреноста и болките во стомакот сè уште не е доволно истражена, во многу ситуации е докажано дека грчевите во стомакот потекнуваат од нервоза, стрес и анксиозност.
15. Нагло дебелеење или слабеење. Ако забележите значителна промена во телесната тежина без да направите промена во начинот на исхрана или вежбањето, најверојатно сте изложени на многу стрес. Стресот предизвикува хормонални промени кои пак имаат влијание на вашата тежина. Најчесто има влијание на работата на тироидната жлезда.
16. Проблеми со гастритис. Иако најчесто е поради храната и пијалаците што ги консумирате, гастритисот може да биде и резултат од стрес.
17. Често чувствувате анксиозност. Стресот не влијае само на физичкото, туку и на психичкото здравје. Долгата изложеност на стрес го зголемува ризикот од панични напади за кои најчесто е потребна професионална помош.
18. Не можете да се фокусирате. Некогаш сте биле педантни, точни и брзи, а сега не можете да се фокусирате ни на наједноставните задачи. Стресот го зел својот данок.
19. Претерувате со вашите пороци. Наместо неколку цигари, веќе пушите по цела кутија. Поради чувството на притисок во стресни ситуации, често бараме утеха во некој порок.
20. Заборавање и намалена остроумност. Ако ви е потребно долго за да ја избистрите главата, ако не можете да ги средите мислите и ако често заборавате, најверојатно сте изложени на премногу стрес.
Дознајте и кои се 10-те најопасни последици од стресот.